Проф др. Гњатовиќ за Канал 5: Каков имунитет и колку долго трае - Канал 5

Проф др. Гњатовиќ за Канал 5: Каков имунитет и колку долго трае

Имунитетот по вакцинирањето не се создава подеднакво кај сите исто. Можно е по вакцинацијата да има помалку или да нема антитела, но тоа значи дека оној кој ја примил вакцината не е заштитетен. 

Проф др. Гњатовиќ за Канал 5: Каков имунитет и колку долго трае

Истовремено ни пристуство на антиела не значи дека со сигурност дека оној кој примил вакцина нема да се зарази, објаснува професорот Марија Гњатовиќ од Институтот за нуклеарна енергија во Белград.

„Астразенека, Спутник V и вакцината на Фајзер даваат брз антителен одговор и луѓето по втората или третата недела по примањето на првата доза. Синофарм вакцината со оглед на тоа дека е еден стар концепт, доста бавно работи. Во прашање е една добра и безбедна вакцина, но потребно е повеќе време и целосен имунитет се стекнува до две, три или четири недели по примањето на втората доза во зависност од годините на старост.

Што се однесува за Астразенека вакцината важно е да се разбере дека по примена на втората доза по протокол дури за 12 недели и во периодот кога ја примиле вакцината се заштитени значи антитела се создаваат првите две до три недели по примањето на првата доза и до втората доза пациентот има заштита.

Гњатовиќ вели дека многу земји засега размислуваат воведување на доза на Синофарм поради бавното создавање на антитела од кинеската вакцина, но сепак Србија останува на протоколите за примање на две дози. Во Србија граѓаните преферираат да се вакцинираат со кинеската вакцина, но голем дел од нив ги забораваат мерките, не носат маска. Кинеската вакцина има најдолг рок за создавање на имунитет дури 30 дена по примање на втората доза.

-Ако некој се зарази 14 дена по примањето на втората доза на вакцината, многу размислуваат дека вакцината не ги чувала, а инфекцијата со вирусот се случил десет дена порано кога не било ниту антитела, ниту клетки кои специфично го бранат организмот како последица на вакцината. Значи дури 30 дена од примање на втората доза може да се зборува за ефикасноста на вакцината, изјави проф. Марија Гњатовиќ.

Ѓњатовиќ вели дека може да се вакцинираат и оние кои го прележале вирусот, но сепак во овој период кога нема доволно вакцини први да се вакцинираат оние кои не прележале корона.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.

НБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки.

Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер