Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
КултураПроектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески претставен во лондонски „Вигмор Хол“ Најновиот проект со музика од Македонија „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески синоќа беше претставен во салата за камерна музика, лондонскиот „Вигмор Хол“, која беше исполнета до последното место.- Токму синоќешниот беше мој прв настап во оваа календарска година и мина фантастично. Проектот што го нареков „Македонисимо“, односно „ептен македонско“ и му го посветив на мојот македонски народ; и на пребирливата, не само британска публика и ја претстави оваа нова димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов. Со оваа изведба тој на свој начин одбележа 20 години од својот творечки период минат токму во Велика Британија, каде што живее, твори и предава, изјави Трпчески за Македонското радио. Со Трпчески настапија и Александар Краповски на виолина, кој работи во Операта во Барселона, Александар Сомов од Бугарија на виолончело (водач на челисти во Стразбуршката филхармонија,Франција), на кларинет, саксофон и на кавал специјално Хидан Мамудов од Штип, кој живее и работи во Виена. Зад удиралките бил Влатко Нушев, колега на Трпчески од оркестарот на Македонската опера и балет. - Драго ми е што обезбедив и можност за квалитетна снимка на „Македонисимо“. Искрено се радувам за убавиот прием и стоечките овации и едвај чекам проектот да се изведе и на другите дестинации низ светот каде што се надевам дека ќе успеам да го претставам, вели Трпчески. Како следни, тој ги најави концертните изведби на „Македонисимо“ и во Полска, Франција, Бугарија, Холандија и повторно Велика Британија. Нашиот пијанист Симон Трпчески, кој од неодамна е ексклузивец на германскиот менаџмент КДС („Концертдиректион Шмид“) в петок настапува во финската престолнина како солист на Хелсиншкиот филхармониски оркестар. Таму ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар број 2 од Ф. Лист, а под диригентската палка на неговиот добар познаник Алан Бурибаев од Казахстан. Потоа ќе има два рецитала во Шангај и Пекинг, Кина, како и во Острава во Чешка, но и враќање со четири концерти на матичната сцена на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско во март. Македонската амбасада во Обединетото кралство претконцертно организираше прием во „Вигмор Хол“ во чест на британската премиера на „Македонисимо“. Македонскиот изведувачки тим преводен од Трпчески во петокот гостуваше во живо во радио емисијата „In Tune“ („Во мелодија“) на водителот Шон Раферти на Радио Би Би Си 3, изведувајќи фрагменти од „Македонисимо“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БалканПожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет. Засега нема информации за повредени. Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петминаЛишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежаПочнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин.На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара? Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ. Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми. Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски . Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter