Проектна активност ,,Ајде сите на оро” во Делчево - Канал 5

Проектна активност ,,Ајде сите на оро” во Делчево

Во организација на Фолкорната група „Вапцаров”, во Делчево се реализираше проектната активност „Ајде сите на оро“. Активноста, како што информираше кореографот Христијан Трајановски, е последна активност на групата пред летните одмори.

Проектна активност ,,Ајде сите на оро” во Делчево

-На последната проба од оваа сезона орото на првата и втората Фолклорна група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево беше двојно подолго. „Ајде сите на оро” е активност во која покрај нашите членови, активно учествуваа и нивните родители кои заедно со дечињата се фатија на оро. Огреала месечина, Туѓа си бескрајно, Тинке катинке, ечеше во салата на Спомен дом АСНОМ, рече Трајановски.

Фолкорната група, како што додаде делчевскиот кореограф, со активностите продолжува од месец септември.

-Последната проба од оваа сезона на нашите членови беше една од највеселите, најубавите најпозитивни проби од оваа сезона. Со нови сили, одморени и спремни за нови турнеи се фаќаме на оро од септември, додаде Трајановски.

Фолклорната група „Вапцаров” функционира како дел од Националната установа „Центар за култура Н.Ј.Вапцаров” од Делчево и во моментов брои околу 100 членови поделени во неколку возрасни групи./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак

 И САД и Хутите од Јемен, кои се сојузници на Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чинеа слаби, а Техеран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифат

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен.

Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за брзо завршување на конфликтот.

И Иран и САД ја засилија реториката во последните два дена.

Највисокиот ирански безбедносен службеник, Мохсен Резаи ,вчера изјави дека виталниот бродски пат низ Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку САД не ги прифатат условите на Иран за завршување на војната - ослободување на замрзнатите средства на Иран и крај на конфликтите низ целиот регион, вклучително и во Либан и Газа.

Тоа следеше по новото барање на Трамп во понеделникот дека Иран треба да плати отштета за луѓето убиени во 50-годишните војни, напади и протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва пристигнува небески спектакл! По 6 години повторно затемнување на Сонцето: Еве кога почнува – внимавајте на видот

Денес, 12 август 2026 година, со почеток во 19:29 часот, граѓаните ќе имаат можност да го набљудуваат делумното затемнување на Сонцето.

Вечерва пристигнува небески спектакл! По 6 години повторно затемнување на Сонцето: Еве кога почнува – внимавајте на видот

Овој спектакуларен природен феномен во Скопје ќе се одвива во време на заоѓањето на Сонцето на северозападниот хоризонт, и тоа по пауза од полни шест години. Месечината ќе почне да го покрива Сонцето точно во 19:29 часот, а потоа заедно ќе зајдат под хоризонтот.

Во Скопје денес, 12 август 2026, ќе може да се види делумно затемнување на Сонцето. Времињата се по локално време:

Почеток: 19:29 часот

Максимум: 19:36 часот

Крај: околу 19:39 часот

Ќе биде покриен само околу 5% од Сонцето, па затемнувањето ќе биде релативно суптилно.

Не гледајте директно во Сонцето – ризикувате трајно оштетување на видот

Иако станува збор за прекрасна глетка, стручњаците упатуваат сериозно предупредување: никогаш не гледајте директно во Сонцето за време на делумно затемнување без соодветна заштитна опрема.

За да избегнете трајно оштетување на видот, потребно е да се придржувате до следните правила:

Користете сертифицирани очила: Доколку користите заштитни очила, тие мора да бидат официјално сертифицирани според ISO 12312-2 стандардот. Обичните очила за сонце не обезбедуваат заштита.

Не користете оптички уреди: Никогаш не гледајте во Сонцето преку двоглед, телескоп, дурбин или друг оптички уред.

Последиците може да бидат сериозни: Непочитувањето на безбедносните препораки може да доведе до тешко и трајно оштетување на видот.

фото: WIKIPEDIA

Извор: A Owen/ Pixabay

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокот

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Доловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа изведени композиции од Бах, Вивалди, Верачини, Скарлати и Бибер. За голема почит е што македонските уметници ги негуваат и делата на македонските композитори, па така, Созовска ја изведе Свитата за пијано оп.27 од истакнатиот македонски композитор Томислав Зографски за која самата таа ја направи преработката за чембало.

Инаку, врвната чембалистка Цветанка Созовска која има специјализирано барок, точно три децении живее и работи во Холандија, но ја промовира барокната музика и надвор од холандските граници. За да може да го долови барокот на автентичен начин пред љубителите на класичната музика во Македонија, таа во земјава го донесе и својот личен инструмент.

-Инструментот што го користам вечерва е лично мој. Го купив пред три години во Холандија и го увезов во Македонија за да имам и тука инструмент и да можам да патувам и да ја презентирам барокната музика во автентичен стил, не само во Скопје, туку насекаде во земјава. Голема е честа што и на „Охридско лето“ настапувам со мојот инструмент, рече Созовска.

Со нејзиниот колега, виолинистот Владимир Костов, ги врзува не само виртуозноста над своите музички инструменти, туку и големата љубов кон барокната музика. Заедничкото музичко дружење со фестивалската публика, тие го изведоа во историски штим од 415 херци, а Костов на концертот користеше и барокно гудало за својата виолина.

-Како што се развивала виолината во текот на вековите, така се развивало и гудалото. Ова е еден тип на гудало кое што по форма, големина и должина се користело во тоа време за да се долови тој звук. Исто така специфично е и тоа што свириме на автентичен штим од 415 херци. Тоа е штим којшто се изведува со оригиналните инструменти бидејќи во современата музичка практика, инструментите се штимаат на 440 до 442 херци. Овој звук дава посебен амбиент и една посебна интерпретација на барокната музика и уште поголема автентичност на самите дела, појасни Костов, кој е концерт-мајстор во Македонската филхармонија, но и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

По вчерашното возбудливо музичко патување низ барокот, на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе следува концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер