Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
2Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
3Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
КултураПроектите на Кумановскиот музеј се 70 отсто завршениСедумдесет проценти од проектите кои се во програмата на Музејот во Куманово се завршени, а голем број се во тек на реализација, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која денеска имаше средба со вработените во установата, а на Граничниот премин Табановце пушти во употреба сувенирница.Во оваа пригода таа се осврна на динамиката на повеќе проекти од културата во кумановскиот крај. Во делот на археолошките истражувања, кои се во надлежност на Музејот на Куманово, активно се работеше и се завршија системските археолошки истражувања на Кокино. За годинава се предвидени и во Градиште и Младо Нагоричане, каде се пронајдени вредни артефакти. Министерката посочи дека следува процес на конзервација и презентација во Музејот. Информираше дека археолозите до крајот на септември ќе работат на локалитетот Костоперска Карпа во Младо Нагоричане. - Откриени се две базилики на овој локалитет кои датираат од 5-ти и 6 век.Ова е навистина значаен наод на овие две новооткриени базилики и мислам дека тоа говори за значењето на овој локалитет, изјави министерката. Во септември, додаде таа, ќе продолжи истражувањето на Црквиште во Клечовце и таму ќе се доистражува римската бања и ранохристијанската базилика од 6 век пред наша ера. Екипите на Кумановскиот музеј, нагласи министерката, активно работат и на конзервација на 72 икони во црквата „Свети Никола“ во Куманово, кој е подолгогодишен проект. Годинава се предвидува целосна конзервација на 25 икони кои се во звршна фаза, следната година ќе продолжат согласно со динамиката околу конзервација на иконите. Канческа-Милевска при денешната посета информираше и за Кокино и за два проекта кои произлегоа од посетата на премиерот Никола Груевски во кумановскиот регион кога и граѓаните дале свои иницијативи за некои манастирски конаци и цркви. - Тука се спомна и локалитетот Кокино, кој како еден бренд и како проект кој сакаме доста да го промовираме, се наоѓа во програмата и на Владата и на Министертвото за култура. Ние интензивно работиме околу целокупниот акциски план за Кокин. Покрај истражувањата кои се прават на Кокино, сите оние патеки, таблите кои беа поставени, имаме еден акциски план околу уредување на целиот простор околу Кокино. Започнат е и процесот на експропријација во тој дел, тука ќе имаме голем број пропратни содржини на самиот локалитет, ќе се отвори и еден музеј, сувенирница, ќе имаме и други многу интересни содржини кои се ставени во тој план, рече министерката. Соопшти дека следната недела на седница на Владата, Министертсвото за култура ќе го достави акцискиот план и по неговото прифаќање од Владата, рече таа, ќе биде информирана и јавноста и ќе почне целосно уредување на просторот околу локалитетот Кокино. Најави дека следната година ќе има и голема меѓународна конференција со придружни културни содржини на самиот локалитет, со цел тој да се промовира. Во однос на санација на манастирот Карпино, посветен на Пресвета Богородица, таа информираше дека увид бил направен од екипи на Националниот конзерваторски центар, Музејот на Куманово и Министертвото за култура. - Таму е доста руиниран конакот, така што ние за следната година преку нашата програма ќе издвоиме средства за Националниот конзерваторски центар за изработка на проект за целосна рестарвација на конакот. Во делот на црквата, исто така, следната година ќе се доврши конзервацијата на фрескоживописот, еден дел е завршен, останува уште еден дел и ќе се започне со конзервација на иконостасот, изјави Канческа-Милевска. Приоритетно за овој манастирски комплекс, рече таа, е да се направи патот во должина од 6 киломтери. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане прифатил да го направи патот до манастирскиот комплекс. Додека се прави патот, Министерството преку надлежната институција ќе го работи проектот за да може по објавувањето на тендерот за рестарвација на конакот да има пристапен пат за да се однесе машинеријата која ќе треба да биде поставена. Канческа-Милевска денеска информираше и за санација на конакот на манастирот „Света Богородица“ во месноста Забел во Старо Нагоричане, за кој подвлече дека е значаен споменик на културата од 19 век. - Црквата е во добра состојба, тука нема потреба од никаква интервенција, а во делот на конакот, следната година во програмата на Министертвото ќе се одобрат средства за изработка на проект за веднаш да се пристапи кон реставрација на конакот на овој манастир, рече министерката. Информираше и за проектот за обнова на фасадите на старите градски јадра и спомениците на култура. Во Куманово ќе се работи на две фасади - на Занаетчискиот дом на градскиот плоштад и фасадата на спортскиот објект Соколана. Првата е планирано да заврши следната година, а другата фасада е во план за 2017 година. За следната година е во план и целосно реставрирање и уредување нова поставка во Спомен-куќата на Христијан Тодоровски Карпош, проект кој е и во програмата и на Владата. - Бидејќи имотно-правните работи се завршени, очекуваат овие неколку дена да го добијат и имотниот лист за да се префрли во владение на Музејот на Куманово. Уште до крајот на годинава ќе биде објавен тендерот, така што следната година веднаш ќе се пристапи кон целосно уредување, и на екстериерното и ентериерното уредување на овој значаен споменик на културата, рече министерката. На барање на музејот, додаде таа, до крајот на годинава ќе заврши санација на покривната конструкција на објектот на Кумановскиот музеј каде што се сместени трите поставки - историската, етнолошката и археолошката. Покрај тоа, Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува и проектите на музејот од ликовната и музејската дејност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓанитеЗаменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш. Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти. Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води. На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението. „Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население. МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34