Проект „Македонијо, во срце те носиме“: „Се собрале комитите“ отпеана од Миле Кузмановски - Канал 5

Проект „Македонијо, во срце те носиме“: „Се собрале комитите“ отпеана од Миле Кузмановски

 Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ го претстави третото музичко дело од годинашната втора збирка. Се работи за народната патриотска песна „Се собрале комитите“, овојпат во емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски.

Проект „Македонијо, во срце те носиме“: „Се собрале комитите“ отпеана од Миле Кузмановски

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ го претстави третото музичко дело од годинашната втора збирка. Се работи за народната патриотска песна „Се собрале комитите“, овојпат во емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски, со музичка продукција на маестро Николче Мицевски.

Станува збор за песна којашто „не само што се пее, туку и се чувствува“, велат продуцентите. Потекнува некаде од крајот на 19-от или почетокот на 20 век – време на немир и надеж, кога комитите со срце и пушка ја пишуваа историјата на македонската борба за слобода.

„Преку стиховите на оваа песна се слуша ехото од планините, шепотот на клетвите дадени за татковината и чекорите на храбри луѓе кои се бореле за сонцето што денес гордо нè грее. ’Се собрале комитите’ е длабоко вкоренета во македонската традиција, особено во западните и централните краишта. Многубројните варијанти сведочат за нејзината вечна актуелност, а сега – со новото аранжманско руво и гласот на Миле Кузмановски, песната добива свежина – без да загуби трошка од својата душа. Уживајте во ’Се собрале комитите’, почитувајте ја историјата, и дозволете ѝ на музиката да ве однесе таму каде што се будела слободата – во срцето на Македонија“, соопшти продукцијата.

YouTube video

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја реализира својата мисија - да ја слави македонската музичка традиција преку современи преработки на безвремени народни бисери.

По претходно објавените „Не кажувај либе добра ноќ“ во изведба на Огнен Здравковски и „Како пиреј“ на Ламбе Алабаковски, новата песна ни носи уште една горда нишка од нашето културно ткаење. Следниов период ќе биде објавена целата збирка од проектот –во духот на мотото: „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер