3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
ЗдравјеПроект „Е-Рецепт“ за да не се чека 24 часа за земање лек од аптекаПроект „е-рецепт“. Нема повеќе да чекате за да си го земете лекот од аптека, туку, веднаш ќе можете да си го подигнете, сега, а не за 24 часа од неговото препишување. Оваа нова можност е во фаза на тестирање, а надлежните уверуваат дека за скоро ќе биде функционална за граѓаните и лекарите. Д-р Лилија Чолакова Дервишова од Здужението на матични лекари вели дека се задоволни што нивното барање конечно ќе се реализира, и сметаат дека најголем бенефит ќе имаат пациентите. Од Фондот велат дека со „е-рецепт“ ќе се олесни и начинот за контрола, и за нив и за аптеките. Бројот на издадени рецепти бележи континуиран раст, па само минатата година издадени се еден милион повеќе рецепти споредено со претходната година, иако бројот на резидентно население се намалува. Пресметките на Фондот покажуваат дека лани секој осигуреник во просек подигнал по 14 рецепти, што е зголемување од четири проценти споредено со претходната 2023 година. За оваа намена потрошени се нешто повеќе од 53 милиони евра или околу 10% повеќе од претходно. Речиси третина од таа сума, односно 14 милиони евра, завршиле за лекови за кардиоваскуларни заболувања, а најчесто препишувани биле лековите „метформин“, „еналаприл“ и „диазепам“. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter