КултураПроекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во ШибеникВо мултимедијалната сала на Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечер ќе се одржи проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ (1967). Главните улоги ги толкуваат Рената Фрајскорн и Стево Жигон, а режијата е на Димитрие Османли.Овој проект е во организација на здружението Хрватско-македонска тангента. На гостите, како што е најавено, ќе им се обратат претседателот на Хрватско-македонската тангента Сашо Георгиевски и политичарот Тито Петковски. На 11 септември, „Мементо“ беше официјално прикажан во престижниот МоМА, Музејот на современа уметност во Њујорк, во програма посветена на југословенските авторски филмови од 1960-тите. Пред тоа „Мементо“ ја имаше својата „втора премиера“, односно премиерната проекција на дигитализирана копија од филмот како дел од програмата на третото издание на „Сезона на филмски класици“ - проект на Европската асоцијација на кинотеки (ACE - Association des Cinémathèques Européennes), финансирана од програмата МЕДИА на Европската комисија, заедно со серија проекции во европските филмски центри. Набргу по онаа во Шибеник, проекцијата ќе се одржи во шпанската кинотека во Мадрид. Неодамна филмот беше прикажан и во Културно-информативниот центар на градот Загреб. На страницата МоМА за „Мементо“ на Османли пишува дека „...филмот е за совеста и се карактеризира со една од најдобрите монтажи досега изведени на целулоидна филмска лента“, како и дека силно потсетува на делата на францускиот филмски мајстор Ален Ресне. „Земењето на земјотресот како почетна точка за критички размислувања за прашања како што се холокаустот, нуклеарните катастрофи и Виетнамската војна - Мементо е калеидоскоп на 20 век, како и лична потрага по мир во овој турбулентен свет“. Во трауматскиот дискурс, филмот добива актуелност со новите трагични искуства како што се катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и последната катастрофа што го погоди Мароко, но и во секој елемент на масовно човечко страдање... „Мементо“ е вториот игран филм на Османли (1927, Битола – 2006, Скопје), еден од пионерите на македонската кинематографија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook