Проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ во Струга - Канал 5

Проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ во Струга

 На летната сцена при центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.

Проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ во Струга

Главните улоги ги толкуваат Ангел Ристоски и Анастасија Јованоска.

Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short.

Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.

- За време на летниот распуст Борис со неговата баба издава педалинки на плажа, а неколку метри подолу на истата плажа, неговата другарка Кира продава пченки. Но Кира е малку поразлична од другите поради тетоважите кои сама си ги црта по своето тело. Тоа ќе биде причина бабата на Борис со пријателките да почнат да ја озборуваат, осудувајќи го нејзиниот изглед, редејќи најразлични етикети, па дури измислувајќи дека таа и мајка и се дел од некоја ѓаволска секта. Па така под влијание на овие муабети Борис почнува да се сомнева во тоа дека Кира е опседната од Ѓаволот. Низ тој краток период Борис ќе биде принуден да и се спротивстави на баба му и да

помине процес на растење што ќе помогне на крај искреното пријателство да победи, стои во описот за филмот.

„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер