Проекција на документарецот „Името е име“ во САД - Канал 5

Проекција на документарецот „Името е име“ во САД

Документарниот филм, „Името е име“ ќе биде прикажан на престижниот Браун Универзитет во Провиденс, во американската сојузна држава Роуд Ајленд.

Проекција на документарецот „Името е име“ во САД
Проекцијата, која ќе се одржи утре, е во организација на студентите од Македонија кои студираат на тој Универзитет, а е поддржана од Меѓународната Браун организација во соработка со Вотсон Институтот за меѓународни студии.

Предвидена е дискусија по прикажувањето на документарецот на која ќе присуствуваат професорот Кит Браун од катедрата за Меѓународни студии на Браун Универзитетот и автор на повеќе книги за Македонија, заедно со продуцентот Џејсон Мико.

Целта на филмот е, пред се, да се запознае и едуцира публиката за оваа тема, како и охрабрување на Македонците во борбата да се исправи оваа неправда, вели Мико.

Филмот „Името е име“ на 23 април ќе биде прикажан и во Македонската амбасада во Осло, Норвешка, за чија промоција се ангажираа амбасадорот Енвер Абдулахи и режисерот на филмот Сигурјон Еинарсон, кој ќе присуствува и на отворената дискусија со публиката.

- Ова го правиме за да го привлечеме вниманието на широката меѓународна јавност за овој спор. Сакаме да му дадеме глас на македонскиот народ во оваа борба против неправдата поради присилното нарекување на Македонија со нешто друго освен со сопственото име, вели Еинарсон.

Премиерата на филмот се одржа во 2009 година и од тогаш имаше повеќе проекции низ светот, Канада, САД, Австралија, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија и други европски држави. Веќе пет години филмот продолжува да ја кажува приказната на македонскиот народ и зошто тие едноставо одбиваат да се нарекуваат со друго име освен – Македонци.

Документарниот филм беше снимен во 2008 година, во нарација на Сер Ендрју Моушн, поет лауреат од Обединетото Кралство, со музика од Мум, Сигур Рос и Еартх Афаир (Исланд), Монте-Негро и Грахам Неш (САД), Кирил и Тоше Проески (Македонија). Мортен Харкет, вокалот на бендот А-ХA ја донираше сопствената песна „Името е име“ за овој филм. Песната беше дел од неговиот албум „Писма од Египет“, од 2008 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер