Продожува Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести"

Преку соодветни текстови, видео и аудио записи и годинава, од 1 февруари, продолжува Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести", соопшти здружението „Ретко е да си редок".

Оваа година, со четвртата сезона од кампањата, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Целта на проектот е граѓаните да се запознаат со ретките болести.

Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работат професори и доктори од целата држава. Во најавните видео спотови, кои се дело на традиционалниот партнер на кампањата охридското Супер радио и Be 1 Digital Marketing се појавуваат и дечињата од ФА „Бисери" од Охрид.

– Кампањата за Денот на ретки болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести. Вклучете се!, повикуваат од здружението „Ретко е да си редок".

Проектот „Ги запознаваме ретките болести" во 2019 година го започнаа Гордана Лолеска, здружението „Ретко е да си редок", Супер радио и здружението „Живот со предизвици" . Од тогаш, секоја година ја запознаваат јавноста со ретките болести во земјава, со надеж дека преку ретките дијагнози сите заедно ќе се крене гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Уапсени 16 лица за пустошење на шуми во прилепско, меѓу нив и малолетници

На повеќе локации во место викано Борула, прилепско, вчера уапсени 16 лица за пустошење на шуми во прилепско, меѓу нив и малолетници

Во координираната акција наречена “Гора”, пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “пустошење на шуми” од кз на рсм.

Градски паркинг со санкции за 122 непрописно паркирани возила на зелени јавни површини

Во текот на изминатата недела (18.05 - 25.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 122 возила од јавните површини, информираат од ЈП Градски паркинг. 

Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Јавното претпријатие „Градски паркинг" апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо во посета на Македонија

Рено-Басо ќе учествува и на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид.

Претседателката на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо во вторникот, 31 мај, првпат ќе престојува во посета на нашата држава, при што ќе оствари средби со премиерот, министерот за финансии, банки од приватниот сектор и инвеститори.

Рено-Басо ќе учествува и на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид.

Како што најавија од ЕБОР, таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР програма насловена „Одржливо поттикнување на МСП" во износ од ЕУР 4 милиони, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП).

-ЕБОР е главниот инвеститор во Македонија, која е важна дестинација за инвеститорите, за нас, но и за целиот регион на Западен Балкан, соопшти Одил Рено-Басо.

Таа додава дека со нетрпение ги очекува дискусиите за нивните следни проекти со властите, вклучувајќи го и натамошно подобрување на транспортот и развој на приватниот сектор.

-ЕБОР стои до Македонија во напорите на земјата да ја подобри енергетската безбедност и да направи декарбонизација на економијата, два предизвика кои се мошне важни во моменталниот геополитички и економски контекст, посочува Одил Рено-Басо.

Претседателката на ЕБОР доаѓа во посета на земјата еден месец после посетата на потпретседателот за политика и партнерство на ЕБОР Марк Боуман, кој исто така беше во Скопје.

Дел од инвестициските проекти во земјата, кои се разгледуваат за поддршка, се изградбата на делот на интерконекцијата на гас меѓу Македонија и Грција, делот од автопатот меѓу Скопје и косовската граница, подобрување на менаџментот со цврст отпад во земјата, како и поголем број на кредитни линии за локалните банки за подобрување на енергетската ефикасност, кои ќе бидат понатаму пласирани на МСП. Кредитите на ЕБОР ќе имаат и грант компонента обезбедена од донаторите од ЕУ, Обединетите Нации, Швајцарија, Шведска, САД, Норвешка, Луксембург и други донатори.

-Енергетската ефикасност е област каде ЕБОР и донаторите работат да и помогнат на Македонија во транзицијата на земјата кон ниски вредности на јаглероден диоксид. Банката веќе има направено поголем број инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски извори, правејќи ја земјата енергетски побезбедна и помалку зависна од увоз на гориво, се наведува во соопштението на ЕБОР.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди, во 161 проект во земјата.

притисни ентер