СветПродолжуваат тензиите во Ормускиот теснец – иранската морнарица заплени неколку трговски бродовиДвајца хрватски и четворица црногорски морнари се во посадата на еден од двата трговски брода кои беа запленети од Иран во Ормускиот теснец. Се работи за танкерот „Франческа“ кој пловел под панамско знаме, а кое по пресретнувањето од чамците на револуционерната гарда бил одвезен на иранското крајбрежје, заедно со грчкиот брод Епаминодас, од чие грабнување, Техеран објави видео снимка, чија автентичност не е потврдена. Драматичните случувања во клучниот нафтен проток, кој формално е под американска блокада, само потврдуваат дека Иран нема намера да крене раце од теснецот, а за кој денеска се пофали дека ги примил првите приходи од воведените бродски такси. Експертите стравуваат дека дипломатското статус кво, со кревко примирје и без формален договор се заканува да стане новото нормално. -Ако ова е новото нормално, не сум сигурен дека е одржливо за која било земја. Она што Исламската Република го научи од оваа криза е дека имаа способност да го нарушат глобалните економии преку нарушување на глобалната трговија. Иранците имаат една предност. Нивната економија е во беспомошна состојба. Значи, тие живеат во еден вид примитивни економски услови. , изјави Реј Такет, економски аналитичар за Блумберг. Проценките се дека во регионот на Ормускиот теснец се заробени околу 20 илјади морнари, кои војната ги затекна на танкерите и два месеца се заглавени без можност да го продолжат транзитот. Последните случувања ја искачија цената на нафтата на 104 долари за барел, шест долари повеќе од вчера, како резултат и на пропадната нова рунда преговори меѓу САД и Иран. Белата куќа не прецизира до кога ќе трае вчера продолжениот прекин на огнот од страна на Трамп, кој прв пат го прогласи на неодредено време. -Знам дека имаше некои анонимни извештаи дека можеби има рок од 3-5 дена. Тоа не е вистина. Претседателот не постави рок. На крајот, тој ќе го диктира распоредот. Тој великодушно му понуди малку флексибилност на режимот, кој е целосно обезличен од операцијата „Епски бес“. Очигледно има многу внатрешни поделби. Ова е битка меѓу прагматичарите и тврдокорните во Иран, а претседателот Трамп сака унифициран одговор. , изјави Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа. Случувањата во Ормускиот тесенц се совпадна и со смената на првиот човек на американската морнарица, Џон Фелан, чии причини Пентагон официјално не ги наведе.Тагови: брод Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаФилипче на литургија во Лешочкиот манастир Филипче синоќа беше во Лешок.Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРедовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа. Кабинетите, училниците, тоалетите и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови. Во таа насока беа опфатени сите училишни простории, со цел да се обезбеди чиста и безбедна средина при одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар. Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, сакајќи да создаде средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавностаФилипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава.Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана. Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент. А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек. Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста. Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните. Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника. На Македонија и треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter