„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
РакометПродолжуваат квалификациите за ЕП во ракомет 2014-таПродолжуваат квалификациите за Европското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Данска. Македонската машка ракометна репрезентацијата денеска во 17 часот и 45 часот во СЦ „Борис Трајковски’’ ќе игра против актуелниот светски првак Шпанија. Вториот натпревар од групата 1 меѓу Швајцарија и Португалија ќе се игра утре. На табела во оваа група води Шпанија со 4 бодови, пред Македонија и Португалија кои имаат по 2, а последна е Швајцарија без освоен бод. Во останатите шест групи двојките се: Група 2: Црна Гора – Израел (среда) и Чешка – Германија (четврток). Табела: Црна Гора 4, Чешка 2, Германија 2 и Израел 0. Група 3: Турција – Литванија и Норвешка – Франција (среда). Табела: Норвешка 4, Франција 4, Литванија 0 и Турција 0. Група 4: Летонија – Словачка и Унгарија – Хрватска (четврток). Табела: Унгарија 4, Хрватска 4, Словачка 0 и Летонија 0. Група 5: Украина – Холандија 28:24 (одиграно вчера) и Шведска – Полска (четврток). Табела: Полска 4, Шведска 4, Украина 2 и Холандија 0. Група 6: Романија – Белорусија и Словенија – Исланд (четврток). Табела: Исланд 4, Словенија 3, Белорусија 1 и Романија 0. Група 7: Австрија – Србија (среда) и БиХ – Русија (четврток). Табела: Србија 4, Русија 2, Австрија 2 и БиХ 0. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
МакедонијаЛишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозволаВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
МакедонијаЛишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојкаЗа настанот е известен јавен обвинител.На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: изнуда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековитеВладата на ВМРО-ДПМНЕ го штити интересот на граѓаните, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени.СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните. Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика. Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата. Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании. Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза! Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап. СДС молчеше додека Филипче профитираше за време на корона кризата, а пациентите останаа без лекови. За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите. СДС да не собира политички поени врз здравјето на граѓаните. Тоа е СДС. Расипничкото владеење на СДС и ДУИ го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, а цената ја плаќаа граѓаните. Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook