Продолжуваат контролите на терен во делот на угостителски објекти - Канал 5

Продолжуваат контролите на терен во делот на угостителски објекти

Продолжува инспекцијата на терен каде се проверуваат квалитетот на изведби во објекти.

Николоски

Министерот за транспорот Николски изјави дека ќе има и законски измени.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.

Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување.

Тој најави и законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа. За следните контроли, дополни, жалбата нема да го одложува извршувањето, односно суспензијата ќе оди веднаш.

- Целта не е да казнуваме, туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, да ги исполнуваат. Феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат условите, а потоа престануваат да ги исполнуваaт тие услови, истакна вицепремиерот Николоски.

Министерот прецизираше и дека контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а не во дел на квалитетот на изведување.

- За да не настане забуна, контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а во делот на квалитетот на изведување и квалитетот на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, потенцира Николоски.

За деталните урбанистички планови го повтори ставот дека некои општини треба да се шират, но само ако има место.

- Во некои општини ДУП-овите не поминуваат. Тоа што се случи во минатото се случи, сега сме многу внимателни, нагласи Николоски.

YouTube video

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа во која држава точно живеат, но трошат значително помалку отколку Американците.

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот ја критикуваше Европската унија кога ги објави плановите за намалување на трошоците за лекови за Американците.

„Ќе плаќаме колку и Европа“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека земјите од ЕУ се „тешки“, „брутални“ и „гадни“ во преговорите со фармацевтските компании.

Цените на лековите во САД се меѓу највисоките во светот. САД во 2022 година потрошија 617,2 милијарди долари (542,7 милијарди евра) на лекови, додека 24 европски земји заедно потрошија 233,5 милијарди долари (205,3 милијарди евра), според анализата на RAND Corporation.

Цените се повисоки во САД бидејќи фармацевтските компании тврдат дека мораат да ги надоместат трошоците за развој на нови лекови – додека европските земји преговараат за да ги намалат цените, а американската влада тоа главно не го прави. Повеќето европски земји исто така ги земаат предвид цените на истите лекови во други земји кога одлучуваат колку се подготвени да платат, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).

Сепак, Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа каде живеат. Швајцарија, на пример, годишно троши просечно 525 евра по лице за лекови, додека Хрватска троши 262 евра. Делумно тоа е поради тоа што преговорите со фармацевтските компании се доверливи, што, според критиките, може дополнително да ги зголеми цените на веќе скапите лекови.

Најмногу за лекови троши Германија и тоа 627 евра по лице, а следува Малта со 571 евро. На трето место е Швајцарија.

„Во суштина нема транспарентност“, рече Хусеин Наци, вонреден професор по здравствена политика на Лондонската школа за економија, за Euronews Health.

Земјите исто така имаат различни приоритети при преговарањето за цените. Во Англија и Шведска клучен критериум е исплатливоста, вели Наци, додека Германија зема предвид колку новата терапија може да им помогне на пациентите во споредба со постојните можности.

Цените на лековите пораснаа

Важно е да се напомене дека цените на лековите во европските земји пораснаа во последните години. Во Германија, на пример, трошоците за лекови пораснаа за 11,5 проценти во болниците и 2,6 проценти во малопродажните аптеки помеѓу 2012 и 2022 година.

Исто така, постојат разлики во Европа кога станува збор за тоа кој всушност ги плаќа лековите – трошоците главно ги покриваат јавните здравствени системи, но дел се плаќа од сопствен џеб или преку дополнително здравствено осигурување.

Во балтичките земји, на пример, пациентите може да плаќаат различни цени за истиот лек во зависност од болеста што ја имаат, стои во извештајот на СЗО.

Други земји, како Естонија, Полска и Франција, имаат надоместоци за рецепти или други фиксни доплати.

Минесота ја доби серијата против Голден Стејт и се квалификуваше за финалето на Западот

Минесота ја доби серијата против Голден Стејт и се квалификуваше за финалето на Западната конференција на НБА

Минесота ја доби серијата против Голден Стејт и се квалификуваше за финалето на Западот

Минесота се квалификуваше за финалето на Западната конференција на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) откако ја доби серијата против Голден Стејт со 4-1.

Во петтиот натпревар од плејофот, Минесота победи со 121:110. Џулиус Рендл постигна 29 поени за победата, а Ентони Едвардс додаде 22 поени и 12 скока.

Брандин Подзиемски постигна 28 поени за Голден Стејт, додека Џонатан Куминга додаде 26 од клупата.

За „Воините“, ѕвездата Стеф Кари не играше поради повреда, а тоа се покажа како клучно за исходот од серијата.

Во финалето на Западната конференција, Минесота го чека победникот од плејоф дуелот помеѓу Оклахома Сити и Денвер.

YouTube video

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

 Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Трамп вчера изјави дека во Истанбул ќе отпатува само ако на преговорите присуствува Путин. Откако рускиот претседател изјави дека нема да присуствува на преговорите и Трамп На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стиф Виткоф и Кејтр Келог.

Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека ќе присуствува на преговорите во Истанбул.

- Украина е подготвена на секаков формат на преговори и ние не се плашиме од средби, објави Зеленски на Икс.

Тој најави дека ќе се сретне и со турксиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Путин ги предложи директни преговори за завршување на војната во Украина, но тој нема да учествува, а руската делегација ќе ја предводи советникот на Путин, Владимир Медински, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Во Истанбул во 2022 година беа одржани два дипломатски контакти со посредство на ОН и Турција. Првиот во март, кој најчесто се споменува во контекст на решавање на конфликтот, а вториот во јули, кога беше постигнат договорот за житото односно слободен извоз на житото од украинските пристаништа.

притисни ентер