Продолжуваат борбите во појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека нема да има прекин на огнот пред да бидат вратени сите заложници и повторно повика на елиминација на Хамас. 

Откако го отфрли и повикот на францускиот претседател Макрон за прекин огнот, Нетанјаху рече дека Израел е „целосно подготвен“ на северниот фронт и ќе продолжи со „целосна сила“.

-Нема да запреме додека додека не ја завршиме мисијата. Војната против Хамас – ИСИС напредува во полн ек, и има една цел – да победиме. Армиските сили го комплетираа опколувањето на Појасот Газа, сега оперираат во периферијата на градот и болницата Ал Шифа. Елиминарани се 2000 терористи, моѓу кои и високи команданти кои беа меѓу оние кои го предводеа страшниот масакар во саботата на 7 октомври,- изјави – Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Додека продолжува навлегувањето на израелската армија во Газа, СЗО реагираше за состојбата со најголемата болница Ал Шифа која остана без гориво, храна и вода, со што беа загрозени животите на десетици бебиња.

-Продолжува бомбардирањето повеќе од 24 часа, ништо не е запрено. Се напаѓа од тенкови од улица, со ракети. Целосно сме во воена зона. Атмосферата е страшна овде во болницата,- изјави – Ахмед Ел Мокхалати – Хирург бо болницата Ал Шифа.

Ал Шифа е најголемата медицинска установа во градот Газа. Палестинското Министерство за здравство претходно соопшти дека еднобебе починало поради недостиг на средства додека се воделе борби во околината. Израелската армија вети дека ќе помогне во евакуација на бебињата.

-Нема опсада на Ал Шифа. Источната страна на болницата е отворена кон улицата Ал Вада за безбеден премин на жителите на Газа кои сакаат да ја напуштата болницата. Разговараме директно и редовно со вработените во болницата. Вработените во болницата Ал Шифа побараа утре да помогнеме бебињата од одделот за педијатрија да се пренесат до побезбедна болница. Ќе им ја обезбедиме асистенцијата која им е потребна,- изјави – Даниел Хагари – Портпарол на ИДФ.

Во меѓувреме илјадници палестинци го напуштаат северниот дел на Газа додека изрелските војници навлегуваат во урбаните средини во борби со милитантите на Хамас.

Пешачевме во долга група, така било и во миграцијата од 1948 - ма како што слушнавме од нашите дедовци. Долга група која оди на долга релација. Одиме и ја запираат групата, пак одиме и не запираат. Постојано го прават тоа.

Според странските медиуми, Граничната управа на Газа соопштила дека преминот Рафа на границата со Египет денеска повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши.

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

 Обединетите нации денеска изразија загриженост откако беа пријавени неколку десетици случаи на колера во Кенија, која е погодена од поплавите.

Според Светската здравствена организација (СЗО), 44 случаи на колера има во една од најпогодените области од поплавите, во областа на реката Тана во источна Кенија.

„Верувам дека со тамошната влада и со националните и меѓународните партнери ќе успееме да ја совладаме болеста“, рече координаторот на ОН во Кенија, Стивен Џексон и посочи дека колерата секогаш предизвикува голема загриженост.

Колерата е акутна цревна инфекција која се шири преку контаминирана храна и вода и предизвикува тешка дијареа, повраќање и грчеви во мускулите. Оваа болест е особено опасна за малите деца.

Според последните официјални податоци, во поплавите во Кенија загинале 238 лица, додека повеќе од 200.000 луѓе останале без покрив над главата.

Принцот Хари бил на пет минути од резиденцијата на својот татко, па сепак не го посетил

Принцот Хари пристигна во Велика Британија, но нема да се види со својот татко, кралот Чарлс, како што првично се мислеше бидејќи монархот има „зафатен распоред“.

Војводата од Сасекс вчера пристигнал во Лондон од Калифорнија, сам, без сопругата и децата, за да присуствува на 10-годишнината од настанот Invictus Games, чиј основач е тој.

Инаку, Хари присуствуваше на настанот на место помалку од пет километри оддалечено од резиденцијата на Чарлс.

Како што пренесуваат британските медиуми, принцот Хари верувал дека за време на оваа посета на Велика Британија ќе се сретне со својот татко, со кого веќе некое време е во нарушени односи, но овој план му вродил контраефект бидејќи кралот Чарлс имал „полн распоред“.

„Одговорот на многуте прашања и тековните шпекулации за тоа дали војводата ќе се сретне со својот татко додека е во Британија оваа недела е дека, за жал, тоа нема да биде можно поради презафатениот распоред на неговото височество. Војводата, се разбира, ги разбира обврските и распоредот на неговиот татко и разни други приоритети и се надева дека ќе го види наскоро“, рече портпаролот на Хари.

Кралскиот аналитичар Ричард Палмер реагираше на оваа вест, нарекувајќи ја „изненадувачка“.

„Би било изненадувачки доколку кралот и Хари всушност воопшто не се сретнат и можеби тоа е знак за тоа колку повеќе е потребно за да се изгради мост меѓу нив. Имаше многу медиумски шпекулации за средбата татко и син. Иако отсекогаш било на ниво на шпекулации, претпоставував дека ќе се видат“, прокоментира Палмер.

Да потсетиме дека Хари и Чарлс последен пат се видоа во февруари оваа година, по шокантното сознание дека кралот боледува од рак.

Шест владици богослужеа за Марковден во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево

Шест владици денеска учествуваа на Светата божествена литургија одржана во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод празникот посветена на апостолот и евангелист Св. Марко. 

Неговото преосвештенство г. Марко, епископ на делчевското каменичката епархија кој го носи името на апостолот, изрази благодарност до владиците кои учествуваа на литургијата и верниците со своето присуство збогативајки го денешниот настан.

- Упатувам благодарност до митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото преосвештенство епископот Дељадровско – илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство епископот Дремвитски г. Давид и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков кои го збогатија денешното чествување на апостол Марко. Со Божја помош свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда, истакна г. Марко.

Епископот на Делчевско-каменичката епархија на верниците им го честиташе Велигден, упатувајќи порака уште многу години да го празнуваат насјветлиот датум во христијанството.

Воедно, изрази благодарност на градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски кој присуствуваше на литургијата, за неговото како што рече епископ г. Марко, залагање за изградба на резиденцијата на свештениците во М. Каменица, чии градежни работи се во тек.

Литургијата заврши со делење нафора на верниците и доделување црковни сувенири во знак на благодарност за присуство на богослужбата.

притисни ентер