Секој фудбалер од победничката репрезентација на Мундијалот ќе добие златен прстен- познато е колку чини
2Секој фудбалер од победничката репрезентација на Мундијалот ќе добие златен прстен- познато е колку чини
3Аргентина ќе се бори да влезе во историјата- на чекор е до рекордот на кој се чека 64 години (ВИДЕО)
КултураПродолжуваат археолошките истражувања на локалитетот „Кале" кај Стари ГрадЕкипа на Народниот музеј од Велес под раководство на кустосот Анита Василкова Мидоска, од средината на септември работи на археолошките истражувања на локалитетот Кале кај село Стари Град.Главниот фокус е продолжување на истражувањето почнато во 2018 година. Василкова Мидоска за МИА информира дека со овие истражувања кои ќе траат до средината на октомври се очекува да се согледа мал дел од античката населба и да се надополни историската слика на овој простор кој во антиката бил една од главните комуникациски мрежи што воделе до Пелагониската рамнина. Сознанијата иницираат дека посочениот простор бил населен подолго време, а засега според археолошките наоди може да се констатираат траги на интензивно живеење во периодот од 2 век п.н.е. па се до средновековниот период, односно до 14 век од нашата ера. -Со претходните истражувања беа делумно откриени архитектонски остатоци (ѕидови) кои сугерираат постоење на најмалку три објекти изведени во различна техника на градење со употреба на камен и кал со неколку фази на ремоделација на објектите, а движните археолошки наоди воглавно припаѓаат на перидот на 3-5 век н.е. иако има спорадични наоди и од 2-1 век п.н.е,појасни Василкова Мидоска. Таа информира дека од движните наоди најмногу е застапена керамиката односно садови кои биле во употреба во секојдневието на античкиот човек и во најголема мера се локална продукција која ги отсликува тогашните трендови на производство и креација, а се откриени наоди од метал. Годинашните истражувања на овој локалитет претставуваат дел од Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес за 2020 годинана Министерството за култура,за што ЛУ Народен музеј од Велес доби 200 илјади денари. Истражувањата на локалитетот се почнати уште од 2005 година со повремени паузи и досега се остварени четири истражувачки кампањи (2005, 2006, 2015 и 2018). Локалитетот Кале кај Стари Град е лоциран на најнискиот северен огранок на планинскиот масив Соколчица кој е само продолжение на планината Руен на десната страна на реката Бабуна во непосредна близина на новоформираната населба Стари Град. – Поради својата геостратешка положба локалитетот егизистирал низ долг хронолошки период од енеолитот па се до средновековниот период, за што сведочат и досегашните сознанија добиени од археолошките истражувања, вели Василкова Мидоска. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
АвтомобилизамЧешка дозволи брзина од 150 км/час, но само под еден услов Чешка ја зголеми максималната дозволена брзина на делница од автопатот D3 од 130 на 150 км/ч, но возачите нема да можат да ја користат оваа дозволена брзина во секое време.Новото правило е дел од пилот-проект во кој ограничувањето се менува во реално време во зависност од условите на патот. Тестот се спроведува на делница од 47 километри што ја поврзува Прага со австриската граница. Државата инвестираше околу два милиони евра во нова сигнализација, паметни знаци и систем за следење на условите за возење на оваа рута. Паметните сензори одлучуваат кога е безбедно да се вози со 150 км/ч За разлика од традиционалните ограничувања на брзината, овој систем автоматски го прилагодува ограничувањето на брзината врз основа на податоците од метеоролошките станици, камерите и сензорите вградени во асфалтот. Возачите ќе можат да возат со 150 км/ч само кога се исполнети сите услови: целосно сув пат, одлична видливост и низок интензитет на сообраќај. Во случај на дожд, магла или голем број возила на патот, системот автоматски ќе ја намали дозволената брзина за да се одржи безбедноста. Чешките власти веруваат дека овој пристап може да овозможи побрзо возење без да ги загрози учесниците во сообраќајот, бидејќи брзината се прилагодува на реалната ситуација на патот. Заштедата на време не е голема, но тестот продолжува Според теоретските пресметки, зголемувањето на брзината од 130 на 150 км/ч заштедува околу шест минути на 160 километри континуирано возење. Иако временската разлика не е огромна, чешките власти сакаат да соберат што е можно повеќе податоци за однесувањето на возачите и влијанието на поголемите брзини врз безбедноста во сообраќајот. Пилот-проектот на автопатот Д3 требаше да заврши порано, но Чешка одлучи да го продолжи до крајот на 2026 година за да добие подетална анализа. Првичните резултати покажуваат дека возачите генерално ги почитуваат променливите ограничувања и дека досега нема докази за значително зголемување на бројот на сериозни сообраќајни несреќи. Доколку тестот се покаже како успешен, можно е сличен модел да се примени во иднина и на други европски автопати каде што временските услови често го менуваат нивото на ризик.Тагови: брзина Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо сообраќајка во Уганда загинаа над 20 деца- светот е во шок од состојбата на автобусот (ВИДЕО) Најмалку 20 ученици и еден возрасен загинаа откако автобус што превезувал ученици на екскурзија се урна во источна Уганда, соопштија локалните власти.Како што објави Би-Би-Си, ова е една од најлошите сообраќајни несреќи во земјата во кои учествувале деца во последните години. Десетици други, вклучително и вработени, беа повредени во несреќата во областа Капчорва во четврток вечерта. It's tyres were completely worn out, with steel wires visibly out. How could such a vehicle be allowed to transport school children? This bus is licensed to carry 64 passengers why did it have 80?? If strict traffic laws are enforced without bribes, such tragedies are preventable pic.twitter.com/PRtMV7HSco — Eng. Keza Gloria (@kezagloria44) July 17, 2026 Прелиминарните истраги покажуваат дека автобусот имал механички дефект пред возачот да ја изгуби контролата врз возилото на ридот Чекватит, дел од патот што е место на неколку сериозни несреќи, соопштија локалните власти. „Возачот наводно ја изгубил контролата врз возилото, кое излетало од патот, удрил во голема карпа покрај патот и се превртел“, соопшти полицијата. Автобусот, кој превезувал ученици од основното училиште „Крал Дејвид“ во Ндеја, се урна околу 20 часот по локално време (17 часот по Гринич) во селото Чекватит, округот Кавово, соопшти полицијата. „За жал, 20 деца и еден возрасен, кој беше основач и директор на училиштето, г-дин Тадео Секаде, отидоа да бидат со Господ“, напиша министерот за локална самоуправа Балам Атењи Баругахара на платформата X додека беше на местото на несреќата. Видеата споделени од очевидци покажаа дека автобусот е тешко оштетен додека локалното население брзаше да им помогне на повредените деца. Учениците се враќаа од студиско патување, а локалните медиуми објавија дека претходно ги посетиле водопадите Сипи, популарна туристичка област. UPDATE: Minister Balaam Barugahara joins medical teams at Mbale Regional Referral Hospital attending to pupils of Kings David Junior School following an evening road crash at Chekwatit Village in Kapchorwa District. More than 20 pupils are reported to have perished. pic.twitter.com/UtjxKk1uIX — UBC UGANDA (@ubctvuganda) July 16, 2026 Илјадници луѓе умираат во сообраќајни несреќи во Уганда секоја година. Брзината, лошо одржуваните возила и опасните патишта се меѓу главните причини, според сообраќајните власти. Најновата несреќа се случува во време кога повторно се покрена загриженоста за безбедноста на училишниот превоз, откако во земјата во последните недели беа пријавени неколку сериозни автобуски несреќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаМицкоски: Да продолжиме заедно, обединети, храбри и одговорни, за Битола која растеВечерва, по повод одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, имав чест да се обратам пред членовите, ветераните, младите, Унијата на жени и бројните поддржувачи на нашата партија.Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот. Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите. Довербата не е сопственост на ниту една партија и ниту еден политичар, таа е позајмена од граѓаните и трае само додека работиме чесно, посветено и одговорно. Нашата победа има вистинска смисла само ако ја претвориме во подобар живот за граѓаните во нови работни места, повисоки плати и пензии, подобро здравство и образование, посилни институции и држава во која успехот зависи од трудот, знаењето и чесноста. Верувам во Македонија затоа што верувам во нашиот народ. Верувам во Битола затоа што знам колку сила, талент и достоинство има во луѓето на овој град. Нашите најдобри денови не се зад нас, туку пред нас, доколку останеме блиску до народот, доколку не дозволиме функциите да нè променат и доколку секоја победа ја сфатиме како нова обврска. Да продолжиме заедно, обединети, храбри и одговорни, за Битола која расте, за Македонија која победува и за иднината што сме должни да ја изградиме, објави на ФБ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30