3Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
КултураПродолжуваат активностите за заштита на црквата „Св. Ѓорги“ во КурбиновоПродолжуваат активностите за заштита на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново и на Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен.– Во мај годинава стручен тим конзерватори од битолскиот Завод за заштита на спомениците на културата продолжуваат со реализација на нови фази од конзерваторско-реставраторските работи на архитектурата и конструкцијата, како и на ѕидното сликарство на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при денешната работна посета на овој значаен и автентичен споменик на културата од 12 век. За време на посетата на црквата во Курбиново, која во 2020 година беше прогласена за културно наследство од исклучително значење, министерката за култура беше информирана за преземените зафати, како и за активностите што следуваат. – Во согласност со планираното, за конзервација и реставрација на овој македонски црковен бисер – додаде Костадиновска-Стојчевска – кој поради своето значење се финансира од редовната програма за заштита и од програмата за добра во опасност на Министерството за култура, се издвоени околу 14 милиони денари . Министерката за култура потсети дека овој значаен споменик на културата, познат по фреската на светецот Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“, е ставен на Привремената листа за културно наследство на УНЕСКО, Костадиновска–Стојчевска денеска го посети и Сарајот на Ахмед Нијази-бег, импозантен архитектонски објект во кој е сместен Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен. – За втората фаза од реконструкцијата на објектот, Министерството за култура обезбеди 2 милиона денари – рече министерката за култура и потсети дека работите на објектот започнаа минатата година, а зимскиот период е искористен за изготвување на потребната проектна документација. – Со тоа ќе се овозможи во текот на годинава да се пристапи кон практични активности за непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект за целата држава – додаде Костадиновска -Стојчевска. Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење за целокупната заштита на нашето културно богатство. Министерство за култураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Црна хроникаТри лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќиеТри лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќиеНоќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.07.2026 во 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 11.07.2026 во 00:10 часот во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. На 11.07.2026 во 00:20 часот, во СВР Охрид лишена од слобода е Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртвиШпанските спасувачи трагаат по најмалку 23 исчезнати во големиот шумски пожар во шпанскиот регион Андалузија, во кој досега загинаа 12 лица.Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи, со поддршка на 32 авиона. Илјадници жители се евакуирани од погодените области, а повеќе од 1.400 луѓе моментално се наоѓаат во привремени засолништа првичните истраги покажуваат дека паднат далновод бил причина за пожарот. Властите стравуваат дека пожарот би можел да стане еден од најсмртоносните во Андалузија и еден од најкатастрофалните во Шпанија во последните децении.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените. Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот. Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката. Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија. Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји. Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата. Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38