Продолжува вжештената реторика меѓу Македонија и Бугарија – барањата за извинување засега само желба - Канал 5

Продолжува вжештената реторика меѓу Македонија и Бугарија – барањата за извинување засега само желба

Откако си разменија барања за извинување, но ниту една страна не се извини, Скопје и Софија ја продолжуваат заострената реторика. 

Продолжува вжештената реторика меѓу Македонија и Бугарија – барањата за извинување засега само желба

Премиерот Мицкоски цени дека со последните случувања, ЕУ загубила дел од својот имиџ и прашува, до кога ќе има трпение со источниот сосед. Обвинува дека целта на Бугарија е асимилација на македонскиот народ, по примерот, како што вели, на Русија во Украина..

-Целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел која што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инжењеринг кој што навистина, најмалку што треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која треба да споделува европски вредности.Сите успеаја да видат и добро е што сите знаат која е крајната цел дека не се неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку таа е многу подлабока и многу поопасна и за самата Европа и на тој начин и ЕУ го губи делот од својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение за ваквото однесување на нашиот источен сосед. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Од Софија продолжуваат истите пораките дека патот на Македонија кон ЕУ води преку Бугарија.. Првиот човек на бугарскиот тим историчари и поранешен амбасадор во Скопје – Ангел Димитров вели дека владата во Македонија копа се подлабоко во бесмислен ров во односните со Бугарија, од кој според него многу тешко ќе се излезе.

-Европскиот пат на Скопје минува преку Софија, бидејќи Софија во моментов е рамноправна со Брисел. Софија е дел од ЕУ, па затоа не може да се избира. Ако некој мисли дека нивниот пат минува низ Белград или преку Будимпешта, очигледно се лаже. Проблемот е што државното раководство сака да биде дел од ЕУ, но по свои сопствени правила. - Ангел Димитров – Претседател на бугарската историска комисија

Откако бугарскиот претседател – Румен Радев, непосредно пред гласањето на извештајот за Македонија испрати писмо до сите европски челници жалејќи се на вметнувањето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот, го доби и првиот одговор од претседателката на ЕП – Роберта Мецола. Таа во него истакнува дека парламентот е свесен за посветеноста на Македонија кон европската интеграција, но ја охрбри земјава да продолжи со реформите, особено неспроведените уставни измени во однос на заштита на бугарското малцинство.

Пред два дена македонското МНР побара извинување од Софија за изјавите на шефот на бугарската димпломатија Георгиев, а вчера премиерот Жељазков лично од Мицкоски за изјавата за лавот и глушецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер