Продолжува вербална војна меѓу Вреди и Таравари - Канал 5

Продолжува вербална војна меѓу Вреди и Таравари

Нема место во Владата за оној што сака да соработува со ДУИ и Ахмети. 

Продолжува вербална војна меѓу Вреди и Таравари

Ова според Биљал Касами било усогласено на средбата меѓу тројцата лидери на Вреди и премиерот Мицкоски што се одржа во Владата пред два дена. Според Касами, премиерот Мицкоски имал разбирање за ваквата нивна позиција и како што кажа, во следните денови очекува да бидат преземени конкретни чекори во овој правец. Лидерот на БЕСА вели дека во Вреди како и дел од членството и функционерите од Алијанса не се согласуваат со потезите на Таравари и сакаат партијата да остане во коалицијата, но без оние кои отворено говорат дека ќе соработуваат со ДУИ.

-Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во ВРЕДИ и во Влада не може. Тоа го кажавме јасно како пораки пред премиерот и се договоривме и усогласивме со него дека во оваа фаза кога владата работи за справување со корупцијата од претходните влади, не можеме да прифатиме да има членови во владата кои соработуваат со вакви елементи. Затоа договоривме дека секој кој соработува со ДУИ и со Али Ахмети нема место во Владата. Сигурно дека во следните денови ќе има и конкретни чекори во овој правец, изјави Касами.

Таравари да се одлучи на кое столче ќе седи очекуваат и од третиот коалициски партнер ЗНАМ. Партискиот лидер Максим Димитриевски уверува дека владината коалиција била стабилна како никогаш досега, а доколку се утврди дека Таравари соработува со ДУИ, тогаш според ЗНАМ, нему не му е местото во Владата.

Прашан дали СДСМ би коалицирала со Таравари или ДУИ на претстојните локални избори, лидерот на СДСМ Филипче остава отворена врата за соработка со сите политички партии, но сега, како што рече, партијата внимателно ќе ги бира своите партнери, поучени од претходното искуство со коалицијата со ДУИ која според него сериозно го нарушила имиџот на партијата. СДСМ е подготвена и за предвремени парламентарни избори доколку дојде до нив, изјави Филипче кој даде оценка и за состојбите во владината коалиција

-Тоа што се случува во владејачката коалиција укажува дека единствено што ги води се теснопартиските и бизнис интереси, а не вредности. Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне. Како ќе се одвиваат работите тоа не е наша работа. Ќе разговараме со сите политички партии меѓутоа принципите на коалиција значат дека коалиционите партнери прво треба да се почитуваат, понатаму да се целосно согласни околу програмите кои ќе ги ветиме на граѓаните, односно имплементираме научени лекции од претходните коалиции кои на некој начин го оштетија имиџот на СДСМ – одговори лидерот на опозицијата.

Мицкоски се сретна со коалициските партнери од Вреди ден по неговата тет а тет средба со Таравари која заврши без епилог, со најава дека разговорите ќе продолжат до крајот на месецов до кога биде познато какво ќе биде идното функционирање на Алијанса за Албанците, иако според многумина извесно е дека Таравари е со едната нога надвор од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири.

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM).

Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од непристапниот терен, високите температури и сувите ветрови. За ова подрачје сè уште е на сила предупредување за екстремни горештини, кое ќе важи најмалку до недела, а во блиска иднина не се очекуваат врнежи.

Од BLM соопштија дека пожарот во моментов не претставува закана за домовите или јавните површини, иако жителите на малото место Рејчел се предупредени за чадот.

Пожарот се шири низ Полигонот за тестирање и обука во Невада (NTTR) – воена зона затворена за јавноста, пренесува Би-би-си.

Овој воен комплекс се наоѓа во близина на „Областа 51“ (Area 51), која била формирана за време на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз како објект за тестирање и развој на воздухоплови. Она што се случува внатре во „Областа 51“ и денес останува строго чувана тајна.

Пристапот за јавноста е забранет, а забраната се спроведува преку предупредувачки знаци, електронски надзор и вооружени чувари. Токму таа таинственост со децении поттикнува бројни теории на заговор – од кои најпозната е тврдењето дека во базата се чуваат вонземјани чии вселенски летала наводно се урнале на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата

Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од  фестивалот  „Охридско лето“. 

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата

Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје.

Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на големо воодушевување и прием кај публиката која уживаше во секој отсвирен тон од страна на француските музичари.

-Ова е првпат да дојдеме овде и навистина беше задоволство да ја откриеме оваа прекрасна црква и нејзината извонредна акустика, изведувајќи програма која е многу деликатна и сложена, како за нас, така и за публиката. Беше вистинско задоволство што можевме да придонесеме луѓето да го откријат Квартетот на Форе – француско дело што со задоволство го изведовме годинава. А тука беше и Гудачкиот квартет бр.14 од Бетовен, чие дело за нас претставува апсолутно ремек-дело, изјавија членовите на „Хермес“ кои веднаш по завршувањето на концертот заминаа во Франција зашто како што најавија, летово им претстојат многу концерти.

Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл.Виолончелистот Јан Левионоа свири на инструмент изработен од Давид Течлер во 1703 година кој му е даден на користење од страна на приватни донатори.

Вчерашниот концерт на квартетот „Хермес“ го проследија претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на фестивалот и заменик-амбасадорот на Франција во земјава, Филип Маршето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит,исто така и пожарот на Парос повторно се разгорува.

Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит

Според информациите од координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно го отежнуваат силните ветрови и непристапниот терен, што предизвикува постојано повторно појавување на пожарот и негово ширење.

Првичните проценки покажуваат дека се изгорени повеќе од 45 илјади хектари, а се очекува конечниот исход од катастрофата да биде поголем.

Поради многу високиот ризик од нови пожари, властите воведоа привремена забрана за сообраќај и присуство на граѓани во одредени шумски области на Патрас, но и на Халкидики

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер