Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушани двајца нови сведоци - Канал 5

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушани двајца нови сведоци

Со нови сведоци предложени од Обвинителството во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во „Пулс“. 

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушани двајца нови сведоци

Задната, помошна врата во кабарето „Пулс“ од внатрешната страна немала квака и била заклучена со катанец, сведочеше на денешното рочиште инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во Виница, за трагедијата во кочанската дискотека која одзеде 63 животи.

Инспекторот наведе дека по увидот со колегите од Пробиштип, Струмица и Берово утврдиле дека фалеле пп аапарати е не функционирал ниту хидрантот

„Кога влеговме имаше два противпожарни апарати-недоволно. Хидрант празен, немаше вода, немаше црево. Најболната работа е тоа што задната врата беше заклучена од внатрешна страна, немаше квака, а плус во подножјето заклучено со катанец. Пожарникарите кршеа, но врата беше многу тесна, запечатена со стиропор. Ако била отклучена можела да послужи како излез иако вратата не беше по стандардите. Немаше нужно панично светло над вратата. Од едниот тоалет имаше решетки, па беа кршени. Надвор имаше зелена површина мала несоодветна висока како брег и немаше услови за евакуација на повеќе луѓе. Немаше пристап за Брза помош, пожарникарите од горе гасеа“.

На ваквото сведочење одговори адвокатот на поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џафероски, Звонко Давидовиќ, кој кажа дека инспекторот до крај не го познавал законот во однос на ингеренциите на директорите на ДЗС при постапувањето во вакви ситуации.

На денешното рочиште на судењето со над 30 обвинети, иако беше предвидено да се испитуваат тројца, се испитуваа двајца сведоци на Обвинтелството. Следното судење е закажано за 17-ти март.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Откако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%.

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.

Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени.

Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица.

Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер