3Преку Министерството за финансии ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денари
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 луѓе над 200 беа повредени.Постапката се наоѓа во доказна фаза, а на денешното рочиште е предвидено да продолжи вкрстеното испрашување на тимот градежни вештаци од страна на одбраната. Станува збор за експертите кои го изработија градежното вештачење по налог на обвинителството. На претходното рочиште, тимот вештаци, предводен од професорот на градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски, повеќе од четири часа одговараше на прашањата на одбраната на обвинетите, меѓу кои сопственикот на објектот Гроздан Милковски, како и поранешните општински градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев. Во текот на распитот беа отворени повеќе прашања поврзани со пренамената на објектот во угостителски објект, неговата усогласеност со деталниот урбанистички план, извршените градежни интервенции, постапките за добивање лиценци, обврските за стручен надзор, како и законските надлежности на градежните инспектори. Според најавите, со завршувањето на сослушувањето на градежните вештаци ќе заврши и изведувањето на доказите предложени од обвинителството. Потоа се очекува одбраната да започне со презентирање на своите докази.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: На сите ученици им посакувам успешна училишна годинаИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод првиот училишен ден.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски присуствува на пуштање во употреба на доградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: На сите ученици им посакувам успешна училишна година11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаАктивни се два пожари во Сарај и штипскиот регионДва пожари се се уште активни, четири се ставени под конторла, 20 се целосно изгаснати, објаснуваат од Центарот за управување со кризи.Активен пожар има на просторот меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај. Пожар има и во штипскиот регион, на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што гори ниска вегетација. Четири пожари се под контрола. Во Македонски Брод, во близина на селата Битово, Заград и Страјане, пожарот зафатил нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Под контрола е и пожарот на градската депонија „Острец“ во Делчево.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПреку Министерството за финансии ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денариЗапочнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје.Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје, инвестиција вредна 92,7 милиони денари без ДДВ, со која ќе се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал и значително ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектите. Потпишан е Договор за грант помеѓу Министерство за финансии и Министерство за здравство за реализација на под-проектот „Реконструкција на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје со мерки за енергетска ефикасност“, кој ќе се реализира преку Проектната единица при Министерството за финансии, со грант средства обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, како и со инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Овие активности се дел од Компонентата 1б од Проектот, која опфаќа реконструкција со мерки за енергетска ефикасност на објекти на централната власт и јавни здравствени установи. Реконструкцијата ќе опфати осум меѓусебно поврзани објекти, со вкупна грејна површина од 7.247 квадратни метри. Со инвестицијата Клиниката ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри и пофункционални услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој, третман и лекување на пациентите. Предвидените градежни активности опфаќаат поставување термичка изолација на фасадите и кровните конструкции, замена на постојната дотраена столарија со нова енергетски ефикасна столарија, санација на делови од објектите и санитарните јазли, како и замена на постојното осветлување со современи енергетски ефикасни LED-системи. Во рамките на реконструкцијата ќе се модернизираат и системите за греење и ладење преку инсталирање високоефикасни топлински пумпи и вентилаторски конвектори. Со тоа ќе се замени досегашниот систем за загревање на мазут, што ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за функционирање на установата и намалување на негативното влијание врз животната средина. Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на енергетските карактеристики на клиниката, но и создавање посовремена, пофункционална и поквалитетна здравствена средина за пациентите и медицинскиот персонал. Реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје претставува уште една значајна инвестиција во модернизацијата на јавната здравствена инфраструктура и е дел од пошироките активности за унапредување на енергетската ефикасност на јавните објекти, поефикасно користење на јавните средства и обезбедување поквалитетни јавни услуги за граѓаните. Со почит Одделение за односи со јавностТагови: Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook