Продолжува судењето за деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба за „Пулс“ - Канал 5

Продолжува судењето за деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба за „Пулс“

И покрај бројни нарушувања на јавниот ред и мир, присусуство и точење алкохол на малолетници, обвинетите 9 полициски службеници давале согласност дискотеката Пулс во Кочани да добие лиценца во 2022 и 2023 година. 

Продолжува судењето за деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба за „Пулс“

Јавното обвинителство денеска ја презентираше документацијата која тие ја изработувале во која дел се и кривични пријави, акциските контроли и анекс плановите што биле во надлежност на МВР.

-Сепак имало голем број на нарушувања на јавниот ред и мир. Голем дел од материјалните докази коишто се однесуваат на сообраќајните решенија така што тие факти на некој начин не биле сериозно земени и сепак била давана согласност којашто овозможила добивање лиценца и непречено работење на правниот субјект. Дел од доказите се и одговори од банките и УЈП токму во насока и во поткрепа на дел од наводите во обвинението во поглед на можноста на тој начин да се овозможи и понатамошно работење на правниот субјект, остварување на имотна корист како и за правниот субјект така и за лицето Дејан Јованов,- изјави – Спасенка Андонова – Обвинител ОЈО ГОКК.

Според одбраната вака презентираните докази се неразбирливи. Сметаат дека дел од нив се однесуваат и на службени белешки а за нив клучни докази се токму службени белешки со кои располага обвинителството но не им ги дава со образложение дека не може да се користат како докази во судница.

-За жал селективната правда повторно продолжува. Судот му наложи на обвинителството да ни ги достави доказите кои се наоѓаат во предметот кој му претходеше на овој, но за жал таму имавме увид и не ни ги даваат. Ни дадоа усб со докази каде селектирано токму тие докази не се таму, а нам ни се битни. Ние не можеме да го докажуваме овој предмет со сведоци, овој предмет е со материјални докази. Воедно денес даваме докази нови, не ни ги прифаќаат,- изјави – Емил Недков – Адвокат.

Следно судско рочиште за предметот во кој овие полициските службеници од Кочани, Штип, Радовиш и Пробиштип се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, судијката Ленка Давиткова закажа за в четврток кога обвинителството треба да заврши со изведување на материјалните докази а се очекува и да се испитаат тројца сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер