Продолжува снимањето на филмот, на кое Алек Болдвин ја застрела снимателката - Канал 5

Продолжува снимањето на филмот, на кое Алек Болдвин ја застрела снимателката

Снимањето на вестернот Раст ќе продолжи со Алек Болдвин во главната улога, изјави адвокатот на продукцијата, неколку дена откако обвинителите соопштија дека ќе го обвинат актерот за фаталното пукање во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс.

Продолжува снимањето на филмот, на кое Алек Болдвин ја застрела снимателката

„Балдвин ќе продолжи да го игра дедото на Харланд Раст, а Џоел Соузда ќе се врати да го режира Раст откако беше повреден во пукањето во октомври 2021 година“, рече Мелина Спадоне, адвокатка за продукцијата на Раст.

Сопругот на починатата кинематограферка, Мет Хачинс, останува извршен продуцент, рече таа.

„Филмот ќе биде завршен“, се вели во соопштението на Спадоне.

Хачинс беше убиена на филмскиот сет во близина на Санта Фе, Ново Мексико, кога пиштолот што го држел Болдвин испука жив куршум кој исто така го погоди Соуза. Окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвис изјави во четвртокот дека има намера да ги обвини Болдвин и напаѓачот од филмот, Хана Гутиерез-Рид, за две точки од обвинението за убиство од небрежност.

Болдвин постигна договор со семејството Хачинс во октомври, според кој Хачинс ја презема продуцентската улога, а снимањето продолжува овој месец. Болдвин ја негира одговорноста за пукањето. Тој рече дека никогаш не треба да се дозволуваат живи куршуми на филмски сет и дека ракувачите со оружје се одговорни за огненото оружје.

Сега, истрагата од Канцеларијата на шерифот Санта Фе мора да открие како вистинските куршуми влегле на филмскиот сет. Правните аналитичари велат дека обвинителите ќе се соочат со тешка битка обвинувајќи го Болдвин без доказ дека знаел дека има живи куршуми и дека не презел никакви мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер