Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
2Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
3Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
МакедонијаПродолжува седницата на Анкетната комисија за скандалот на ОнкологијаВо Собранието продолжува седницата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.На седницата ќе бидат сослушани сведоци и експерти и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со скандалот на Онкологија. Во саботата пред Комисијата сведочеше поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова. Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори дека во текот на нејзиниот мандат стасани се четири претставки од пациенти, кои влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Таа раководеше со ДСЗИ од август 2017 година до септември 2021 година. Пратеникот Зоран Коцески на седницата и постави неколку прашања. Тој потсети дека првата кражба на лекови од медицинска сестра се случила во 2020 година и ја праша Сотирова Бухова дали бил извршен вонреден надзор во тој период. На ова, Сотирова Бухова одговори дека во тој период, до ДСЗИ не стигнало барање за вршење на инспекциски надзор ниту од Јавното обвинителство, ниту од МВР, ниту пак од министерот за здравство. Прашана дали и колку извештаи доставиле во тој период и што содржат тие извештаи, Сотирова Бухова одговори дека извештаите по извршени редовни инспекциски надзори на квартално ниво ги има во ДСЗИ. Како што додаде, редовните надзори не се вршени во 2020 и 2021 година заради пандемија и пандемиските услови. Во врска со Като системот, Сотирова Бухова рече дека тој не е во ингеренции на ДСЗИ, затоа што е апаратура која се користи за лекување на пациентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАлварез им признал на соиграчите дека направил грешка, се подалеку од БарселонаНапаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, трансферот во Барселона изгледа сè помалку веројатен. По повеќенеделната сага, Аргентинецот го промени ставот и сега сè повеќе ја прифаќа можноста да остане во Мадрид. Хулијан Алварез почна да ја прифаќа можноста дека ова лето нема да заврши во Барселона и направи важен чекор кон смирување на ситуацијата во соблекувалната на Атлетико Мадрид. Аргентинскиот напаѓач разговарал со своите соиграчите и им признал дека направил грешка во начинот на кој постапил во врска со интересот на каталонскиот клуб. Според извештаите на шпанските медиуми, Алварез претходно не разговарал со соиграчите за својата ситуација на овој начин. Со признавањето на грешката Алварез го увери тимот дека неговата посветеност кон Атлетико нема да биде доведена во прашање, без оглед на тоа колку долго уште ќе остане во Мадрид. Без разлика дали станува збор за неколку дена или за една или повеќе сезони, Аргентинецот нагласи дека интересите на клубот ќе ги става пред сè друго сè додека го носи неговиот дрес. Овој став практично ја исклучува можноста за какви било бунтовнички потези доколку Атлетико продолжи да го блокира трансферот во Барселона. Алварез конкретно призна дека неговото однесување и начинот на кој се изразувал за време на сагата околу трансферот не секогаш биле идеални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЧиј бил предлогот Струшките вечери на поезијата да се спои со Центарот за култура во Струга? Чија била идејата Националната установа Струшки вечери на поезијата да се припои кон Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ во Струга? Поранешниот министер за култура – Зоран Љутков, во чиј мандат бил поднесен предлогот, а кој вчера од струга беше критикуван и од претседателката, појаснува дека оваа иницијатива била дел од Владината програма за оптимизација на културните установи кои немале доволен капацитет за самостојно функционирање.. Тој тврди дека во случајот претседатлката сиљановска давкова била погрешно брифирана. -Начинот на кој што ова беше пренесено во јавноста е дезинформација. Се работи за оптимизација на установи кои што имаат по неколку вработени и работат по неколку дена во неделата а се во одделен објект, и ова е со цел да работат поефикасно и во поглед на ресурсите, но и да се зајакне стручниот кадар а не само административниот. Предлогот да се фузираат две институции во една дојде од двата директори на НУ Струшки вечери на поезијата. Кога побарав писмено да ја поднесат иницијативата пред предлогот да дојде на Владина седница, тие тоа не го сторија и точката се повлече,- - Зоран Љутков, поранешен министер за култура. Од друга страна директорот на Струшките вечери на поезијата – Никола Кукунеш тврди дека од установата никогаш не поднеле такво барање, бидејќи како што вели, тоа би значело губење на независноста на установата. -Ние не поднесовме такво барање, бидејќи не сакаме установата да ја изгуби својата независност. И во минатото и сега мислам дека покажавме дека оваа установа е важен културен фактор во државата. Иако би сакале во иднина да растеме како установа, засега немаме проблем со ресурсите во функционирањето,- -Никола Кукунеш, директор на НП Струшки вечери на поезијата. Покровителката на Струшките вечери на поезијата – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, при вчерашната посета на Струга изрази силно незадоволство од ваквиот предлог, што го оцени како некултурен однос од страна на Министерството за култура. -Страшно е да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од министерство за култура, навистина е за мене целосно неразбирливо. Тогаш веројатно оние во културата не разбираат што е култура,- -Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Со оглед на тоа што предлогот не поминал на владината комисија, засега статусот на националната установа Струшки вечери на поезијата не се менува.. инаку, Како културен фестивал Струшките вечери на поезијата се одржуваат веќе 65 години прераснувајќи во меѓународна манифестација на која присуствувале илјадници поети од целиот свет. За животна поетска дејност, од фестивалот се оддава и признание– наградата „Златен венец„ која ја добиле и светски реномирани поети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радарСо растот на водзушниот сообракај и се поголемиот број летови над македонското небо, М-НАВ го надградува системот клучен за управувањето со воздушниот сообраќај. Од денеска во фунција е новиот АТМ систем, кој според директорот на М-НАВ Владимир Ристески треба да донесе поголема автоматизација, подобра презентација на податоците и нови современи алатки за контролорите. Очекувањата се надградениот систем да го намали оперативното оптоварување и да се овозможи поголем број на воздушни операции без компромис во безбедноста. -Една од најважните придобивки од новиот систем е што неговите современи функционалности овозможуваат намалување на оперативното оптоварување на контролорите на летање, т.е. таканаречениот workload на контролорите на летање. Тоа директно влијае врз зголемување на капацитетите на македонскиот воздушен простор, односно врз бројот на воздухоплови кои нашата контрола на летање може безбедно да ги прифати и опслужи во одреден временски период,- Владимир Ристески – директор на М-НАВ. Модернизацијата на М-НАВ, како што посочи Ристески, ќе продолжи и во наредниот период. Планирани се нови системи и за полетно-слетните операции, нови ВОР-навигациски уреди, како и нов систем за побрза размена на воздухопловни пораки со соседните контроли на летање. До октомври се очекува да биде ставен во фукција и новиот радар на скопската контролна кула, кој моментално е во фаза на тестирање. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се осврна на историјата на набавка на АТМ системот и на радарот, посочувајки дека процесот бил заглавен со години од страна на претходното раководство. -Набавката е започната уште во 2014-та година, а договорот е склучен во 2018-та година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018-та до 2024-та година нема никакви активности, со тоа се позанимаваа истражните органи во изминатиот период. Слична е и судбината со радарот. Имено, радарот првпат договорот е потпишан во 2022-рата година, но до 2024-тата година нема никакви активности. Во 2025-тата година новото раководство на М-НАВ започна со активности, градежни активности и сите потребни останати активности за целосна инсталација на новиот радар,- Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт. Во првите шест месеци годинава, како што посочи Николоски, низ македонскиот воздушен простор поминале 173 илјади воздухоплови, од кои 42 илјади биле само во месец јули. Во споредба со истиот период лани, бројот е зголемен за 12,2%. Во однос на позајмицата од 7 милиони евра која М-НАВ ја дало на Јавното претпријатие за државни патишта, Николоски посочи дека станува збор за редовна финансиска операција меѓу јавни претпријатија и дека средствата биле вратени вчера, иако рокот за позајмицата бил до октомври. Тагови: МНАВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter