3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
КултураПродолжува санацијата на Спомен домот на Разловечкото востание Во делчевското село Разловци ќе продолжи санацијата на Спомен домот на Разловечкото востание. Во рамките на годишната програма на Министерството за култура на РМ во областа на инвестициското одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема се одвоени околу 721.000 денари за продолжување на втората фаза од санацијата на Спомен-домот „Разловечко востание" во село Разловци, информираше директорот на Центарот за култура, Методи Толевски кој додаде дека договорот со Министерството за култура е потпишан, а наскоро треба да се распише тендерот за избор на најповолен економски оператор. -Втората фаза опфаќа замена на дрвената столарија со трајни материјали и термопан стакло со што значително ќе се подобри безбедноста на објектот, но и неговиот изглед, рече Толевски. Санацијата на Спомен-домот посветен на Разловечкото востание започна минатата година со времена санација на кровната конструкција која според директорот решава проблемот и се обезбедува времена заштита на објектот од надворешни влијанија. -Во следната фаза за санација на Домот е планирана санација на внатрешните ѕидови на спомен-домот и административната зграда, како и уредување на влезот и скалите кон Домот, додаде Толевски. Спомен-домот посветен на Разловечкото востание долги години беше оставен без кров, само со црна хартија, а состојбата со објектот беше катастрофална. Спомен- домот „Разловечко востание" е уникатно архитектонско дело на архитектот, проф.д-р Ѓорѓи Константиновски, кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба" на ниво на СФРЈ и на уникатен начин го чува споменот на првото вооружено востание на македонскиот народ за ослободување од Отоманската Империја. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУЕвропската унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски иСпоред информациите на медиумот, целта е да им се дадат гаранции на сегашните земји членки дека новиот бран на проширување нема да го парализира процесот на одлучување или дополнително да ја усложни распределбата на средствата од заедничкиот европски буџет. Ова прашање ќе биде централна тема на стратешката расправа што европските лидери треба да ја водат на состанокот на Европскиот совет на 15 и 16 октомври. Советот уште во јуни најави дека на октомвриската сесија посебно ќе ја разгледува поврзаноста меѓу идното проширување и неопходната внатрешна реформа на самата еу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсилаСветот повторно ги отвора рудниците.. Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар. Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на минерална суперсила. Повеќе од една милијарда долари треба да бидат обезбедени за проектот „Санта Круз“ во Аризона, а Трамп тврди дека процедурите за рударски дозволи се скратени од три до пет години на само 25 дена. Најавувајќи ги новите инвестиции, Трамп нагласи дека критичните минерали се стратешки ресурси за американската економија и безбедност – одбранбената индустрија, автомобилската индустрија и современите технологии зависат од нив. -Ги враќаме рударите назад на работа и ја потврдуваме позицијата на Америка како светска минерална суперсила. Голем дел од затворените рудници повторно ќе се активираат, а и многу нови рудници се градат. Во последните 18 месеци нашата администрација потпиша и одобри 160 договори за ископ на минерали, во вредност од 40 милијарди долари. Затоа, сега во САД се отвораат рудници на брза трака. Ова не се случило од 50-тите години на минатиот век.- Доналд Трамп – претседател на САД. Додека светските сили ги забрзуваат инвестициите во критични минерали, Македонија се уште не го користи целосно сопствениот потенцијал. Единствениот голем проект за бакар е „Иловица-Штука“, вреден над 350 милиони евра, со години е во застој. Според инвеститорот, во услови кога цената на бакарот надминува 14 илјади долари за тон, проектот може да донесе значителни економски придобивки. Според истражувањата на „Еуромакс Ресурсис“, наоѓалиштето располага со над 700 илјади тони руден концентрат и има потенцијал за годишен извоз од повеќе од 10 илјади тони бакар во период од две децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаСо распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“.На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“, во рамки на судењето за трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Според градежното вештачење, зоната Г10 во Кочани уште од 1998 година е исклучиво наменета за лесна индустрија и мало стопанство. Во урбанистичко-планската документација на Градот Кочани и согласно Законот за градење, на таа локација не е предвидено вршење угостителска дејност. -Според Урбанистичкиот план од 2013 година, на таа локација не била предвидена намената Б3 за големи угостителски објекти. Легалниот пат бил инвеститорот да побара измена на ДУП или да изработи проект за пренамена со сите технички и безбедносни услови. Наместо да избере една од овие две легални можности, инвеститорот се одлучува да изврши нелегална пренамена на дел од објектот, постапувајќи спротивно на ДУП-от и регулативата, рече Трпчевска Ангелковиќ. Според изнесените детали од вештачењето, објектот каде што била сместена дискотеката се состои од две згради, првата изградена во 1998 година со соодветно одобрение за деловно-производно-продажен објект и втората изградена без одобрение за градење, а легализирана во 2011 година за лесна и незагадувачка индустрија. Иако во 2012 година објектот се користел согласно намената од Деталниот урбанистички план (ДУП), истата година инвеститорот почнал дел од просторот неовластено да го користи како дискотека/кабаре. На прашањето за одговорноста на општинските служби, вештакот нагласи дека градежната инспекција имала законска обврска и овластување да интервенира, без разлика дали за објектот била издадена лиценца за работа. -Реакцијата би била преку надлежните служби. Тоа се инспекциските служби, кои доколку констатираат дека на некој објект е извршена нелегална пренамена имаат право на сопственикот да му наложат да го врати објектот во првобитната состојба, појасни вештакот- Душица Трпчевска Ангелковиќ. .На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека градежното вештачење недвосмислено покажало дека во „Пулс", системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале и не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Со сослушувањето на вештакот завршува изведувањето на доказите од страна на Обвинителството во овој судски процес, кој го води судијката Дијана Груевска-Илиевска со тим од 15 јавни обвинители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00