Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ - Канал 5

Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ

Најпопуларни региони според бројот на резервирани ноќевања преку онлајн платформите во првиот квартал од 2023 година биле областа на француските Алпи.

Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ

Во текот на вториот квартал од 2023 година преку платформите за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, како „Ербиенби“, „Букинг“, „Експедија Груп“ или „ТрипАдвајзор“, биле извршени резервации за речиси 153 милиони ноќевања во хотели или преноќевалишта на територијата на ЕУ, што претставува раст за 15,8 отсто во споредба со истото ланско тримесечје.

Според податоците на Европската статистичка служба – Евростат, во секој од трите месеци од вториот овогодишен квартал биле регистрирани рекорден месечен број на резервирани ноќевања преку онлајн платформите. Така во април биле резервирани рекордни 46,7 милиони ноќевања, што претставува раст од 19,5 отсто на годишно ниво, во мај - 47,6 милиони, што е за 22,6 проценти повеќе од истиот месец во 2022 година, а во јуни 58,7 милиони ноќевања, односно 8,4 отсто повеќе во споредба со ланскиот јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во првите шест месеци од 2023 во ЕУ биле регистрирани 237 милиони ноќевања резервирани преку онлајн платформите за изнајмување објекти за сместување, што претставува раст за 18,8 проценти во споредба со првата половина од минатата година, кога имало 199 милиони резервации, како и за 22,6 отсто повеќе од предпандемиската 2019 година, кога бил резервирани 193 милиони ноќевања.

Најпопуларни региони според бројот на резервирани ноќевања преку онлајн платформите во првиот квартал од 2023 година биле областа на француските Алпи со 5,2 милиони ноќевања, пред и шпанските Канарски Острови со пет милиони и покраината Андалузија во јужна Шпанија со 4,3 милиони онлајн резервирани ноќевања.

Во првите 20 најпопуларни региони според бројот на ноќевања резервирани преку онлајн платформите во првите три месеци од годинава по пет биле од Франција и Шпанија, по три од Италија и Португалија, два од Австрија и по еден од Полска и Унгарија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.

Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија.

Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија,  денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. 

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери.

„Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.

Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво.

„Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“

Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.

„Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски.

Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига.

„Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски.

Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Светскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови.

Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година.

Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер