Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
2Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
МакедонијаПродолжува расправата за ребалансот на БуџетотВо собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани. Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти.Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 проценти. Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница и за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година и за Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2024 година.Тагови: ребаланс на Буџетот Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаГевгеличанец во БМВ „летал“ со 204 км/час кај Смоквица, уапсен е Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава.На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
Црна хроникаПетнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки. Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате. Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаТошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилствоДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат.Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, заклучно со денес. Податоците покажуваат и значително унапредување на ефикасноста во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година, заклучно со денес, процесуирани се 52 случаи и изречени се 23 мерки на претпазливост. Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесуирани по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати, што укажува на побрза, поорганизирана и поодлучна институционална реакција. Министерот Тошковски истакна дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита за секоја жртва, како и брза и решителна реакција кон сторителите, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00