Продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања - Канал 5

Продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања

Во текот на следната недела продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања.

Продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања

Во циклусот современи кореографи во понеделник во 20 часот на сцената на Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, публиката ќе може да ја види претставата „16 чекори до земјата“ на грчката танцова компанија „А приори“. Веднаш потоа следува претставата „Код #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола.

Во склоп на оваа програма, на 28 април во 20 часот, на малата сцена на Националната опера и балет ќе ја видиме претставата „Одења и слични кореографски решенија“ на Филип Петровски, со што се затвора фестивалската програма/

- На 26 април,во рамки на фестивалот, во Македонскиот народен театар во 20 часот, ќе се изведе најновата премиера на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар „Леди Магбет“. Музиката за претставата ја направи композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски. Настапуваат танчери на Скопје танцовиот театар и Катедрата за танц при Универзитетот „Гоце Делечв“. „Лејди Магбет“ е селектирана на Шекспир фринге фестивалот во Верона, Италија каде ќе има светска премиера на 29 август на сцената на „Teatro Camploy“, соопштија организаторите на „Танц Фест“.

Годинашниот „Танц Фест“, меѓу другите, е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на САД, УГД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породи

Една од најубавите телевизиски спортски водителки, „жешката“ Италијанка Дилета Леота повторно го привлече вниманието на своите фанови откако на социјалните мрежи сподели фотографија во костим за капење.

Фото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породи

Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по вторпат, позираше за време на својот одмор во елегантно бикини што ја истакнуваше нејзината витка линија и исончан тен.

Многумина забележаа дека таа изгледа беспрекорно, а во коментарите пристигнуваа бројни комплименти за нејзиниот изглед.

Покрај тоа, водителката сподели и неколку семејни моменти со своите деца и со сопругот Лорис Кариус, а судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, уживањето нема крај.

„Преубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Кој би рекол дека речиси се породи“, „Нестварна си“, „Ова изгледа како вештачка интелигенција“ – ова се само дел од реакциите на нејзините следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Кинеската и руската морнарица ќе одржат заеднички вежби следната недела во водите и воздушниот простор покрај кинескиот град Кингдао. 

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување со безбедносните предизвици и одржување на регионалниот мир и стабилност“.

Руската државна новинска агенција РИА објави дека крстосувач, корвета, дизел-електрична подморница и брод за спасување од руската Тихоокеанска флота пристигнале во Кингдао за да учествуваат во вежби што ќе се одвиваат од 6 до 13 јули.

Следуваат заеднички патроли во Тихиот Океан .„По вежбите, дел од силите на двете страни ќе се упатат кон соодветни подрачја во Тихиот Океан за да спроведат заеднички поморски патроли“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Што се случува со Мики Рурк!?

Холивудскиот актер Мики Рурк е фотографиран во непрепознатливо издание/

Фото: Што се случува со Мики Рурк!?

Додека беше во прошетка со своето куче, Рурк е фотографиран во валкана сива дуксерица, избледени фармерки и очила за сонце, но најмногу внимание привлекоа неговите заби што недостасуваа, поради што беше речиси непрепознатлив.

Неговиот вака лош изглед укажува на тоа дека актерот минува низ тежок период, што се потврдува и со неодамнешното иселување од неговиот дом кон крајот на 2025 година поради долг од 60.000 долари.

Иако неговите претставници тврдеа дека тој престанал да плаќа кирија поради неподносливи услови за живот - а обожавателите собраа 100.000 долари помош преку кампањата GoFundMe - Рурк ги одбил парите, нарекувајќи ја целата иницијатива срамна.

Актерот објасни дека проблемите со глодарите, неисправниот водовод и бањата опстојувале со месеци, и покрај неговите постојани барања за поправки. „Прекинувањето на плаќањето кирија не беше лесна одлука, но не можев да платам за имот што беше во толку лоша состојба“, изјави Рурк.

Сепак, во март, судот во Лос Анџелес пресуди во корист на сопственикот Ерик Т. Голди, потврдувајќи долг од 59.100 долари. Судската одлука го раскина договорот за закуп, трајно забранувајќи му на Рурк пристап до имотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер