Продолжува министерскиот состанок за одбрана на НАТО

Првиот министерски состанок на НАТО оваа година и прв состанок во присуство на Македонија како поканета земја и идна триесетта членка на Алијансата, продолжува утрово. На агендата се воените мисии и соработката меѓу НАТО и ЕУ.

Министрите за одбрана на НАТО вчера одржаа две сесии на Северноатлантскиот Совет, на кој главни теми на разговор беа нуклеарниот договор за ракети со среден дострел, или ИНФ, од кој САД најави дека ќе се повлече за шест месеци поради тоа што Русија со години го прекршува и развива забрането оружје.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по вчерашниот состанок, ја повика уште еднаш Русија да престане да го прекршува овој договор и да се усогласи со одредбите од ИНФ. Тој додаде дека, доколку биде потребно, НАТО ќе одговори на руските закани на „умерен, одбранбен и координиран начин", но предупреди дека Русија ја става во опасност безбедноста на европскиот континент и дека сојузничките „се подготвуваат за свет без ИНФ".

Сојузничките вчера разговараа и за „споделувањето на товарот", односно зголемувањето на буџетот на одбрана, кое во секоја земја треба да достигне два отсто од БДП до 2024 година.

Македонија, како и сите други земји членки, даде ветување дека до 2024 ќе ја постигне оваа стапка, по повеќе години намалување на трошоците за одбраната.

Радмила Шеќеринска, која ја застапува Македонија за прв пат на масата на НАТО како идна членка, а не земја партнер, за МИА вчера објасни дека планот на Владата е да има секоја година раст од 0,2 отсто од БДП и дека од 2017 се исполнува ветувањето дадено до земјите сојузнички.

Освен финанскиот придонес, од земјите членки се очекува да учествуваат и во мисиите на Алијансата и преку градење и зголемување на капацитетите во одбраната.

Македонија оваа година ќе го зголеми своето присуство во Авганистан, најави министерската, а кај припадниците на АРМ има интерес и за учество во мисијата во Ирак како и во мисии под покровителство на ЕУ со Франција.

Зачленувањето на Македонија во Алијансата сега поминува низ техничкиот процес на ратификација, кој се очекува да трае околу една година и полноправното членство да се случи некаде до пролетта 2020.

За тој период Македонија треба уште да работи на реформите, пред сѐ од областа на владеењето на правото, разузнавачките служби и, секако, одбраната. Македонија треба и да постигне соодветен капацитет за управување и размена на чувствителни разузнавачки и безбедносни информации.

Министерката Шеќеринска за МИА порача дека Македонија е свесна дека и претстои уште напорна реформска работа до полноправното зачленување, но потсети дека НАТО сега на земјата гледа на многу поинаков начин.

– Видете, првиот ден штом можеше Словенија го ратификуваше Протоколот, а најавите се дека Албанија утре ќе ратификува. Денеска бугарскиот колега ми кажа дека тие веќе го пуштиле во процедура и очекуваат ратификација следната недела. Во Романија исто така се очекува следната недела, рече вчера Шеќеринска во интервју за МИА.

Ниту министерката, ниту во седиштето на НАТО, не очекуваат пречки од политичка природа во текот на процесот на ратификација.

Сепак, велат дипломатите во НАТО, колку поревносно и побрзо се реализираат бараните реформи, толку поголеми се шансите да се убедат земјите членки на Алијансата да го забрзаат процесот. /МИА

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер