КултураПродолжува конзервацијата на охридската црква Св. Богородица ПеривлептaПо завршувањето на повеќегодишните истражувања и сеопфатни анализи, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид почнаа со проектот за конзервација на архитектурата на црквата Св. Богородица Перивлептa во Охрид. Паралелно со овој процес, продолжуваат и истражувачките работи и на фрескоживописот од црквата.Како што соопшти Министерството за култура, на почетокот на идниот месец експертите вклучени во конзервацијата на фрескоживописот треба да дојдат во Република Македонија и заедно со македонските конзерватори да го финализираат проектот. По завршувањето со конзервацијата на архитектурата која се планира целосно да биде заокружена до почетокот на летниот период, веднаш ќе се почне и конзервацијата на фрескоживописот. Во меѓувреме изработени се и проектите за конзервација на манастирскиот конак и манастирската камбанарија. Од Завод и музеј Охрид потенцираат дека целиот процес на вршење на истражувачките работи се одвива во подолг временски период со цел изработување квалитетни проекти. Координатор на проектот за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс Св. Богородица е Управата за заштита на културно наследство, а реализатор е Заводот и музеј – Охрид кој во изминатиот период имаше обврска да изведе конзерваторски истражувања, да направи анализи на покривот и прозорците, анализи на оштетувањата на фрескоживописот, присуството на вода, да изработи проекти за дренажниот систем, конзервација на архитектурата на црквата, а беа изведени и археолошки истражувања како и документирање на фрескосликарството. - Имајќи предвид дека се работи за исклучително значаен споменик, како и заради евидентно лошата состојба на фрескосликарството што во најголем дел е директно поврзана со состојбата на градбата, одлучено е носител на истражувањата и на предлогот за интервенции на архитектурата и фрескоживописот да бидат странски експерти кои имаат искуство во областа на заштитата на недвижното културно наследство, односно на црковното градителство од византискиот период, наведува Министерството. Одговорен за истражувањата и на предлогот за заштитни интервенции на архитектурата е проф. Алкивиадес Препис, архитект–инженер од Универзитетот Ксанти, Грција. Одговорни за истражувањата и на предлогот за заштитни интервенции на фрескоживописот се Донатела Зари и Карло Џантомаси, меѓународни експерти за византиско фреско сликарство. Проектот е финансиран од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на Стејт департментот на САД, администриран преку Амбасадата на САД во Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШвајцарија ги обновува односите со Северна КорејаШвајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс. На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион. Exchange with Jo Yong Won, Secretary of the Central Committee of the Workers’ Party of Korea, in #Pyongyang. We welcomed the reopening of the #Swiss diplomatic office and discussed developments in the DPRK and the potential for strengthening bilateral relations. https://t.co/yCeKsnSat4 — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја. Meeting with DPRK Foreign Minister Choe Son Hui in #Pyongyang. We discussed reopening the 🇨🇭 diplomatic office in a new format, regularising political relations and reestablishing a political #dialogue. We also exchanged views on security on the Korean Peninsula and broader Eurasian security challenges. — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Тагови: Северна Кореја Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инцидентиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: инциденти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП Паркинзи на Општина ЦентарТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter