МакедонијаПродолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 годинаСобраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година.Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. - Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече во петокот министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложи Предлог-буџетот за 2026 година. Како што напомена Димитриеска-Кочоска, Владата ја зајакнува довербата во институциите, ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции. Со Предлог-буџетот за 2026 година, дополни, Владата ја задржува конзистентноста во економските политики и континуитетот со Фискалната стратегија 2026–2030 година. -Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски, дури и во време на предизвици. Овој документ зборува за економија што расте, за држава што инвестира и за Влада што знае што прави, потенцира министерката. Според неа, најважно за оваа Влада е тоа што не зборува многу, туку испорачува. -Ветивме постепена фискална консолидација, како пред граѓаните така и пред меѓународните финансиски институции и остануваме на ветеното, подвлече Димитриеска - Кочоска. Приватната потрошувачка, е проектирана со раст од 2,6%, јавната потрошувачка ќе се одржи умерена, со раст од 1,4% во насока на фискална дисциплина, а инфлацијата ќе се стабилизира околу 2,5%, во услови на стабилни цени на меѓународните пазари. Позитивните трендови ќе се одразат и на пазарот на труд – се очекува раст на вработеноста и зголемување на просечната нето-плата за 6,5%. Ова ќе биде како резултат на отворање нови производствени капацитети, проширување на постојните, како и на активните мерки и програми за вработување што Владата ги спроведува. -Вкупно гледано, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија, кажа министерката. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани. Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември. Тагови: Комисијата за финансирање и буџет Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес претежно облачно со повремени врнежи од дождВремето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени. До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 2. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 2. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги имате сите шанси за да се покажете и да се докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24