Продолжува комисиската расправа за измените на Изборниот законик

Собраниската Комисија за европски прашања денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на која единствена точка на дневен ред се предлог измените на Изборниот законик, кои се носат по скратена постапка. 

На седницата треба да бидат разгледани 401 амандман поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата, започна вчера, во тензична атмосфера. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа таа да се одложи од деловнички причини бидејќи не биле архивирани ниту преведени поднесените амандмани. Претседателот на комисијата Артан Груби, сепак, ја отвори седницата и најави дека ќе закаже продолжение штом бидат преведени амандманите.

Комисиската расправа треба да заврши денеска, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.

Со измените се предвидува избор на членови на ДИК да се изврши со 61 пратеник, наместо со двотеринско мнозинство. ДИК треба да го организира спроведувањето на референдумот кој е обврска од Договорот од Преспа.

Седницата на Комисијата за европски прашања беше закажана по двете лидерски средби, во проширен и во скратен состав, на кои не беше постигнат договор за изборот на ДИК, за референдумот и за рефрендумското прашање.

Лидерската средба во скратен формат, на претседателите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами, треба да продолжи в недела навечер или понеделник наутро во обид да ги испеглаат разликите и да постигнат договор за формирање на ДИК и прашањата поврзани со престојниот референдум, кој треба да се одржи наесен, а чија евентуална можна формулација ја соопшти завчера Заев - Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција. /МИА

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер