Продолжува јавната кавга на Данела Арсовска и Висар Ганиу - Канал 5

Продолжува јавната кавга на Данела Арсовска и Висар Ганиу

Аросовска со документи за наводен криминал, Ганиу со купишта ѓубре истурени во Градскиот парк. 

Продолжува јавната кавга на Данела Арсовска и Висар Ганиу

Кулминацијата на сагата Арсовска – Ганиу не застанаува... Откако вчера, чаирскиот градоначалник со уште 30тина мажи истури полн камион со смет пред просториите на Град Скопје, денеска продолжија најавите за соочување на двајцата пред судот... Ганиу вели дека обвинувањата за дивоградбите се невистинити, односно, станувало збор за наследена состојба која општината ја решава. Демантираше дека Чаир има долг кон Комунална хигиена, па од Арсовска побара да се покрижи за сметот. Кажа, свесен е тоа што го сторил вчера е противзаконски, но вели не му останал поразличен повик за реакција.

„Знам дека е противзаконски, немав друго чаре што се вели и како да пристапам, сакав да ги сензибилирам, да им кажам дека чаршијата е наше богатство, не е на Чаир, тоа е на градот Скопје, тоа е на нашава држава. И сега да ја оставиш на тоа нивно, секаде каде што поминуваат туристи, каде што ние се трудиме, секоја власт која што дошла да повлече туристи и ти доаѓаат тие туристи и да го сликаат тоа ѓубре, тоа.. Ова е шоу на градоначалничката.“

Кусо по вчерашната случката пред Град Скопје дојде и градоначалничката Арсовска која остро реагираше на ваквата постапка. Таа во видеото посочи дека Ганиу побегнал од нејзе и му порача дека ќе ги докаже криминалите кои, според нејзе, чаирскиот градоначалник ги направил.

„Дошол пред Град Скопје да го истури и се задржал, внимавајте, точно три минути, три миниту. Абе, кога му реков доаѓам „џом“ да го нема. Висар Ганиу, абе Вики, кај си бе дечко ти? Каде избега? Зошто не почека да дојдам? Јас ти ги собирам документиве тебе да ти ги презентирам за твоиве фалсификати, ти бегаш од тука. Точно три миниту беше Висар Ганиу, на нога избегал низ парк кога слушнал дека доаѓам. Сите криминали ќе ти ги докажеме, сите, од прв до последен, знаеш дека си фатен.“

Според сопартиецот на Ганиу од Вреди, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, креатор на ваквите состојби е ДУИ, во кои Арсовска е инструмент во обидите за дестабилизација.. И тој најави кривична за Арсовска, на што таа му одговори дека одвај ја чека, бидејќи, како што кажа, на тој начин ќе може да презентира докази за неговиот криминал пред судот.

„Ова е последниот план на Ахмети, преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група за дестабилизација преку општините, овој пат не сами, не преку Таравари и други актери, туку преку Левица и инструментот Данела Арсовска која е во функција на дестабилизација, бидејќи ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби, добро е што почна од Чаир, добро е да ја видиме во Сарај, добро е да ја видиме во Шутка, каде што се нејзините партнери.“

Арсовска побара и од обвинителството да постапи и да се обезбеди документација од О. Чаир за 150 дивоградби. Од обвинителството пак посочија дека по она што е пријавено досега се постапува, а градоначалничката и службените лица да ги достават сите докази и сознанија со кои располагаат..

Околу вчерашниот настан реагираше и МВР.. Тие за Канал 5 велат дека камионот со сметот, кој воопшто не бил ниту општински, е запленет, а извршени се и разговори со сторителите. Од МВР е доставен и допис до Град Скопје за обезбедување на документација околу обвинувањата за дивоградбите.

„Кралицата на бакшишот“ морала да бега од настап поради пари: Имаше околу 40.000 евра (ВИДЕО)

Кралицата на бакшишот на сцената, младата српска пејачка Теа Билановиќ, раскажа за непријатен инцидент што ѝ се случил неодамна на еден настап, поради огромниот број бакшиши што ги добила.

„Кралицата на бакшишот“ морала да бега од настап поради пари: Имаше околу 40.000 евра (ВИДЕО)

Имено, таа на настапи често доаѓа до проблеми поради бакшишот што пејачите го добиваат од гостите, а Теа Билановиќ исто така се нашла во таква непријатна ситуација, а тоа било за време на настап во странство, објави Телеграф.

- Ги видов како ме нарекуваат „кралица на бакшишот“ и тоа ме импресионира, сега се срамам. Благодарение на мојата публика, навистина ме импресионира.

Кога ја прашаа што се случило на забава каде што буквално морала да избега од мајката и сестрата на еден гостин, Теа низ смеа рече:

- Има неколку ситуации, но имаше една забава каде што нè бркаа за да го вратиме бакшишот. Не попуштив, избегав... Кога забележав дека ситуацијата е алармантна, само ја зедов чантата и се скрив во друга соба. Ја слушнав мајката на тоа момче како вика: „го напи и му ги зеде сите пари“. Внимавајте, никој не ве принудува да трошите пари за музика, мислам дека доаѓа од срце и е код - рече таа.

Таа шокираше и со својот одговор на прашањето колку бил најголемиот бакшиш што успеала да го заработи за настап.

- Па, не мислам така, пеам 12 години. Значи, вкупното што го зедовме за вечерта, не само јас, туку целиот тим, беше околу 40.000 евра - Теа откри шокантна бројка.

- Обично сето тоа го инвестирам во мојата кариера, а кога сакам да се почастам, си купувам штикли. Во моментов имам околу 43, 44 пара штикли можеби - додаде Теа.

Руски суд осуди познат писател на 14 години затвор- ја критикувал агресијата кон Украина

Меѓународно признатиот руски писател Борис Акунин е осуден во отсуство од московски суд на 14 години затвор за неговата наводна поддршка на тероризмот.

Руски суд осуди познат писател на 14 години затвор- ја критикувал агресијата кон Украина

Неговиот адвокат се залагал неговиот клиент да биде прогласен за невин поради недостаток на докази, објави руската државна новинска агенција ТАСС, пренесе Индекс.

Авторот на бестселери постојано го критикуваше руското раководство предводено од Владимир Путин, како и војната на Русија во Украина.

Ја критикуваше војната во Украина

Акунин е роден во Грузија како Григориј Чартишвили. Руските власти го етикетираа како „странски агент“ и го обвинија за поддршка на тероризмот. 69-годишникот живее во егзил со години, вклучително и во Обединетото Кралство.

Во интервју за британскиот весник „Стандард“ минатата година, писателот рече дека воопшто не е заинтересиран за судските постапки против него и дека, од негова перспектива, во Русија повеќе нема вистински судови.

Акунин е автор на бројни криминалистички романи, од кои многу се објавени во странство. Поради критиките за руската војна против Украина, неговите книги беа повлечени од продажба во Русија пред три години.

Хаос во Турција: Туристи добија ќотек во Мармарис- не ја платиле сметката (ВИДЕО)

Британски туристи беа брутално претепани и газени од обезбедувањето во популарен ресторан во турското одморалиште Мармарис откако избувна расправија околу сметката.

Хаос во Турција: Туристи добија ќотек во Мармарис- не ја платиле сметката (ВИДЕО)

Снимката ја прикажува групата, вклучувајќи жени, како е удирана со тупаници и клоцана од машки персонал во ресторанот „Мед Бојс“ во Мармарис, Турција, на 2 јуни, објавува Дејли Меил.

Шокантното видео започнува со вербална расправија, но ситуацијата наскоро ескалира во насилна тепачка.

Двајца туристи паѓаат на земја, каде што нападот продолжува - персоналот постојано ги клоца додека лежат беспомошни на тротоарот.

Еден член на персоналот дури скока од прозорец за да се придружи на тепачката.

Се гледа како едно младо момче од групата туристи се соочува со персоналот - мавтајќи со рацете и подготвувајќи се да се брани.

Може да се слушнат сведоци како врескаат додека хаосот ескалира.

Полицијата беше повикана на местото на настанот, но бидејќи ниту една страна не поднесе жалба во тоа време, случајот е привремено затворен.

Сепак, кога снимката од тепачката се појави на интернет, таа предизвика негодување и реакција на јавноста.

На снимката се гледа како пет члена на персоналот напаѓаат турист, додека две жени од групата се обидуваат да ги разделат.

Сепак, жените завршуваат среде тепачката, добиваат ќотек и паѓаат на земја.

Петте члена на персоналот идентификувани како вклучени во тепачката се приведени, а ресторанот е затворен на неодредено време.

Во разговор за турскиот весник AKŞAM, менаџерот на ресторанот Mad Boys рече дека семејството од пет члена ја започнало тепачката затоа што не ја платиле сметката од 5.000 турски лири (околу 92 фунти).

Тој тврди дека туристите го провоцирале персоналот навредувајќи ги Турците и турското знаме и дека тие први нападнале.

Гувернерот на округот Мармарис издаде официјално соопштение: „Треба да се знае дека насилството врз жените е целосно неприфатливо во покраината Мугла“.

„Нашата земја цврсто стои против сите форми на насилство врз жените“.

„Судска и административна истрага против ресторанот и неговите вработени се спроведува со целосно внимание, а сите понатамошни случувања се внимателно следени.“

Уште еден инцидент во мај

Овој случај следи по друг инцидент во мај, кога турист беше претепан од вработен на турска плажа, наводно откако се пожалил на цената на лежалката.

Тепачката избувнала на 16 мај на плажата Дамлатас во областа Аланија во Анталија откако туристот, опишан во турските медиуми како Британец, побарал цена за лежалка, но се откажал бидејќи била прескапа.

Наместо тоа, туристот ги оставил своите работи на песокот и отишол да плива во морето.

Вработениот му рекол да ги тргне своите работи, но кога туристот одбил, ситуацијата ескалирала, а вработениот наводно го претепал пред другите туристи.

Гувернерот на округот Аланија, Фатих Уркмезер, објави дека компанијата што ја поседува плажата е затворена.

„Веднаш се покренати судски и административни постапки во врска со нападот врз турист што се случи на плажа во Аланија - што не го одразува нашиот град или нашето разбирање за туризмот“, рече тој.

„Ставовите што се спротивни на гостопримството на нашиот град и нашата земја нема да бидат толерирани во Аланија, еден од градовите каде што првпат започна туризмот во Турција“, додаде гувернерот.

Сопственикот на бизнисот, Серхан Кочароглу, одговори на инцидентот тврдејќи дека туристот бил „под дејство на алкохол“ и фрлил лежалка кон турски гостин.

Кога Кочароглу се обидел да интервенира, тој тврди дека туристот го нападнал.

Тој додаде дека видеата што кружат на интернет ги покажуваат само последиците од инцидентот, наведувајќи дека тепачката била реакција на тоа што бил нападнат претходно.

Сопственикот, исто така, рече дека му е жал што ја претставил Аланија во лошо светло.

„Не поднесов тужба за да не го нарушам туристичкиот имиџ на Аланија. Сепак, сакам да ја известам јавноста дека ги задржувам сите мои законски права поради неточни информации објавени во некои медиуми“, рече тој.

притисни ентер