Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
МакедонијаПродолжува јавната кавга меѓу Данела Арсовска и Висар ГаниуСагата Арсовска – Ганиу кулминира. Чаирскиот градоначалник доцна синоќа со уште 30тина мажи истурија полн камион со смет и го расфрлаа пред влезот во просториите на Град Скопје, а и преку оградата, со образложение дека Градот и Комунална хигиена не ги чистат контејнерите, па општината им е затрупана во смет. На видеото се гледаат и полициски службеници кои бараат од присутните да прекинат со постапката.. Кусо по случката пред Град Скопје дојде и градоначалничката Арсовска која остро реагираше на ваквата постапка, велејќи дека О. Чаир на комунална му должи 7 милиони денари. Таа во видеото посочи дека Ганиу побегнал од нејзе и му порача дека ќе ги докаже криминалите кои, според нејзе, чаирскиот градоначалник ги направил. Воедно посочи дека камионот кој се користел не е регистриран на општината, што исто така е противзаконски. Дошол пред Град Скопје да го истури и се задржал, внимавајте, точно три минути, три миниту. Абе, кога му реков доаѓам „џом“ да го нема. Висар Ганиу, абе Вики, кај си бе дечко ти? Каде избега? Зошто не почека да дојдам? Јас ти ги собирам документиве тебе да ти ги презентирам за твоиве фалсификати, ти бегаш од тука. Точно три миниту беше Висар Ганиу, на нога избегал низ парк кога слушнал дека доаѓам. Сите криминали ќе ти ги докажеме, сите, од прв до последен, знаеш дека си фатен. Првиот вицепремиер и министер за животна средина, пак, Изет Меџити најави кривична за Арсовска поради изнесување на неточни информации, односно за објектот кој градоначалничката го посочи како дивоградба. Сепак, според него, креатор на ваквите состојби е ДУИ, во кои Арсовска е инструмент во обидите за дестабилизација.. -Ова е последниот план на Ахмети, преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група за дестабилизација преку општините, овој пат не сами, не преку Таравари и други актери, туку преку Левица и инструментот Данела Арсовска која е во функција на дестабилизација, бидејќи ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби, добро е што почна од Чаир, добро е да ја видиме во Сарај, добро е да ја видиме во Шутка, каде што се нејзините партнери--Изет Меџити. Арсовска воедно преку социјалните мрежи побара од обвинителството итно да ги обезбедат доказите за дивоградби од О. Чаир, бидејќи, според нејзини информации истите активно се уништувале. Вели дека се документирани повеќе од 150 дивоградби во општината, без или со фалсификувани документи. Од обвинителството за Канал 5 велат дека веќе постапуваат и издаваат наредби за обезбедување на податоци врз основа на известувањето кое го добиле од СВР Скопје по пријавата на градоначалничката. Од таму очекуваат Арсовска и службените лица да постапат согласно своите обврски и да ги достават сите докази и сознанија со кои раасполагаат.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter