БалканПродолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови меркиАлбанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето, почнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч.Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“. Рама, исто така, најави дека операцијата ќе биде придружена со нови законски измени за зајакнување на мерките против одговорните лица, вклучувајќи ги инспекторите и другите органи кои дозволиле прекршување на законот. „Уривањето на дивоградбите, кое е започнато насекаде, не е акција, туку процес кој не само што нема да запре додека не се елиминира оваа појава, туку во наредните денови ќе биде придружен со нов пакет мерки за намалување на оваа појава, зголемувајќи ја ударната сила на законот врз виновниците и одговорните лица на различни нивоа, вклучувајќи ги и „инфилтрираните“ во инспекторатите, полицијата и така натаму“, напиша Рама. Објавува фотографии од акцијата што започна во споменатото туристичко место, оценувајќи дека „тоа е уште едно природно чудо злоупотребено за профит преку нелегална градба“, нагласувајќи дека „работата за заштита на територијата од злоупотребувачи продолжува подеднакво во северниот, јужниот и централниот дел на Албанија“. Во меѓувреме Судот во Драч му одреди мерка „затворски притвор“ на Ардијан Халили, поранешниот началник на Инспекторатот за територијална заштита за округот Драч, кој е сопственик на урнатиот објект-дивоградба. Освен двокатен објект, на површина од 5.600 квадратни метри, имало мини-фудбалско игралиште и базен, како и 11 мали куќарки за сместување туристи. Според полицијата, нелегалната градба започнала во 2018 година. Халили, беше уапсен пред четири дена, под обвинение за „бесправна градба“ и „злоупотреба на службена должност“. Во судницата го бранеше неговата сопруга, поранешната обвинителка Рабијана Халили, додека тој го отфрли обвинението за злоупотреба на службена должност, тврдејќи дека ги извршил работите со знаење на локалните власти, иако без градежна дозвола. Тагови: Еди Рама дивоградби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16