МакедонијаПродолжи судењето за самоубиството во Тафталиџе – во судницата се слушна и гласот на малата Катја Додека обвинителката ги објаснуваше снимките Стојанче ги имаше покриено ушите со дланките.Три часа пред да скокне од шестиот кат Ивана Јовановска со шест годишната Катја, на снимки во близина на гимназијата Нова се гледа како Стојанче неколку пати ја тепа Ивана и се расправаат со нив бил и Мартин Саздов каде на снимките што ги покажа како доказ на Јавното обвинителство се гледа како Стојанче ја тепа и се расправа со неа, а потоа со возило се упатуваат кон центарот на градот. Ивана во близина на судот се јавила во полиција и ги замолила да дојдат бидејќи сака да пријави дека била тепана од Стојанче. На 02.03, дента на самоубиството, два часа пред тоа да се случи Ивана се јавува на 192 и вознемирена и плачејки пријавува семејно насилство од сопругот. Објаснува дека е пред судот и дека се јавила и сабајлето, но тогаш не сакала да зборува, но сега сака. Моли полицијата да дојде што поскоро. Еден од доказите беше и видео снимката од кафе барат во истата зграда каде живеела Ивана како во еден момент паѓаат две тела пред самата зграда а претходно пријавил Стојнче дека жена и дете ќе скокнат од зградата. Додека обвинителката ги објаснуваше снимките Стојанче ги имаше покриено ушите со дланките. Многу чести биле повиците од Ивана во полиција за нејзино тепање, заклучување на станот каде не можела да влезе. Но и соседи пријавуле дека има смејно насилство. На снимките во полиција како доказ беа и јаувањата на мајката на Ивана и мајката на Стојанче каде се слуша и малата Катја како моли да и помогнат на нејзината мајка и дека нејзе ја тепал таткото. Мајката на Стојанче, Цветанка Јовановска со тешко дишење се јавува во полиција и на операторот му вели дека се случува обид за убиство од нејзиниот син. Додека Катја извикува „Ќе ја убие мама“, Јовановска вели дека „И детето е удирано“. Катја за време на повикот плаче се посилно повторувајки ги истите зборови. Стојанче се товри за три дела: загрозување на сигурност, нанесување на тешка телесна поврда при семејно насилвсто и наведување на самоубиство. Наредното судење е закажано за 15 април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗемјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат паритеИако оставањето бакшиш во ресторани и кафулиња е вообичаен начин за изразување благодарност за добрата услуга во многу земји, во Јапонија таков потег може да има сосема спротивен ефект. Во оваа азиска земја, оставањето пари по оброкот се смета за некултурно, па дури и навредливо. Обичаите поврзани со бакшишот се разликуваат низ светот. Во Обединетото Кралство, Германија, Данска и Шведска, вообичаено е да се остават околу десет проценти од сметката, додека во Франција, Италија и Шпанија луѓето обично оставаат околу пет проценти. Во САД, оставањето бакшиш е практично задолжително и често се движи меѓу 15 и 20 проценти, без оглед на квалитетот на услугата. Сепак, во Јапонија важат сосема различни правила. Според Би-Би-Си, повикувајќи се на туристичката агенција InsideJapan Tours, Јапонците сметаат дека обезбедувањето квалитетна услуга е составен дел од нивната работа; следствено, дополнителните пари не се ниту очекувани ниту посакувани. „И покрај предупредувањата дека бакшишот не е вообичаен во Јапонија, некои туристи сè уште инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари, но тоа едноставно не функционира“, изјави Џејмс Манди од InsideJapan Tours за Би-Би-Си. Тој забележува дека не е невообичаено да се види келнер како истрчува од ресторанот по муштеријата за да врати пари оставени на масата. Причината за оваа реакција лежи во јапонската култура, каде што квалитетната услуга се зема здраво за готово како прашање на професионална гордост, а не како средство за заработка на дополнителни пари. Искрената благодарност се цени многу повеќе од бакшишот. Едноставна „оишиката“ - што значи „беше вкусно“ - или „гочисосама дешита“ - израз на благодарност за оброкот - се сметаат за многу посоодветни начини гостинот да покаже задоволство. Придружени со учтив поклон, ваквите зборови имаат многу поголема вредност од парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter