Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“, искази даваа сведоци на обвинителството - Канал 5

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“, искази даваа сведоци на обвинителството

Прскалките што ја предизвикале трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, според сведокот Горан Игновски, сопственик на продавница од каде што групата претходно набавувала сценска опрема, не биле купени кај него, туку најверојатно на пазар или онллајн

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“, искази даваа сведоци на обвинителството

Прскалките што ја предизвикале трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, според сведокот Горан Игновски, сопственик на продавница од каде што групата претходно набавувала сценска опрема, не биле купени кај него, туку најверојатно на пазар или онлајн. Тој посочи дека пожар предизвикан од слични пиротехнички прскалки имало и на претходен настап на групата „ДНК“, кога биле запалени платно и звучници во угостителски објект во Гевгелија. Игновски изјави дека пред околу две и пол до три години на бендот му продал куферче за далечинска активација, а пред околу година и пол и осум топли прскалки.. Тој нагласи и дека немал никаква соработка со дискотеката, ниту знаел каде се наоѓа.

-На настап на ДНК во ресторан „Де факто“ во Гевгелија се запалиле платно и звучници. Колега од Гевгелија, Јани Мурџиев, кој работи со озвучување ми раскажа за ова, а не знам кога точно се случило. Од снимките што ги видов, тој домет вечерта на 16.03.2025 беше повеќе од 3 метри. Да користеа со домет од метар или два немаше да настане пожар. Тие со 3 метри домет ги има на Бит-пазар. Јас имав донесено само со домет од метар или два, за внатрешна употреба и не сме купувале со домет до 3 метра, кои се за надворешна употреба. Куферчето откај мене го купи Панчо. После неколку дена се јави едно лице, подоцна дозав дека се вика Мартин Буцо, тој ги купи прскалките. Ова се случуваше година ипол пред пожарот. - Горан Игновски – сведок

Откако Игновски во судницата призна дека пиротехничките средства кои ги продал на бендот сепак вообичаено не ги нудел во продажба поради законски ограничувања, дел од адвокатите реагираа дека наместо сопственикот на дискотеката Дејан Јованов и групата службеници од Министерството за економија кои издале лиценца за работа во 2012 година , токму Игнаровски е оној кој треба да биде обвинет. На ова им возврати обвинителот Дарко Јакимовски.

-Барам да не се дозволат овие забелешки од адвокатите. Луѓето не загинаа од од прскалките, од активацијата на пожарот чадор или паниката, туку поради тоа што немаа каде да избегаат. Да имаше повеќе од една врата луѓето немаше да останат заробени внатре.- Дарко Јакимовски – обвинител

Сведочеше и вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување Рубикон. Таа изјави дека никогаш не сретнала некаков материјален документ за деловна соработка меѓу Пулс и агенцијата. Според сведокот Трајче Димишковски пак на кобната ноќ обезбедувањето дозволило дискотеката да биде преполна и се пуштале голем број малолетници..Судењето продолжува вчетврток на 12 март.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и Баница

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица, е ставен под контрола.

Стевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и Баница

Племенот стигнал и до првите куќи од градот, но со помош и на пожарникари од соседните места, бил навреме стопиран. За последните информации на терен пред малку информираа директорот на ДЗС Стојанче Анеглов и градоначлникот на струмица Петар Јанков.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

По 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. 

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести.

На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување.

Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер