Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија - Канал 5

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“.

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Прво беше сослушан сведок - шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино Васев, која објасни како се постапувало со пациентите, посочувајќи дека откако ќе дојде кај нив, со книшка бројче се вади неговата здравствена историја и се дава на докторот, а по прегледот таа се заверува.

-Ако треба да прима дневна терапија вадиме упат и правиме финансика пресметка, појасни сведокот.

Според сведокот за т.н. условна терапија додека директор на Клиниката бил Нино Васев, тој се потпишувал, а сега секој втор четврток има стручен колегиум на кој присуствуваат сите шефови на оддел и се потпишуваат на една листа.

Вториот сведок, вработен во Приватна здравствена установа во Валандово и надворешен член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2023 година, рече дека УО на Клиниката по барање на директорот на Клиниката носел одлука за набавка на лекови, но дека теркот бил таков што Министерството за здравство во име на Клиниката распишува тендери за набавка на лекови.

- Во УО имаше внатрешни членови кои секојдневно примаат терапија и самиот како лекар од терен гледам дека бројот на лица со малигни заболувања е се поголем. На седниците на коишто сум бил присутен, со оглед дека на голем број не сум бил присутен, но по исказот на колегите дека има потреба од терапија за пациентите, најверојатно сме дозволувале набавка. Ние не навлегувавме, не знаевме што и како се набавува, изјави сведокот.

Според сведокот УО носел одлуки, но никогаш не биле безусловни, појаснувајќи дека на сите седници на кои присуствувал, било нагласувано тоа да биде со согласност од Фондот за здравствено осигурување.

На седниците на УО немало официјална информација за презадолженост на Клиниката, но дека уште тогаш имало допис до ФЗО дека ако не се направат плаќањата преку Фондот, дека Клиниката ќе дојде во незавидна финансиска ситуација.

Управниот одбор на крајот од годината, сведокот рече дека ја усвојувал Годишната завршна сметка.

Прашан дали имал комуникација со Нино Васев и Нехад Нухи за работењето на Клиниката, сведокот рече дека на почетокот кога седниците биле во живо доаѓал медицинскиот директор Васев на седница, а имало седници на кои само ќе се поздравел и ќе заминел, нагласувајќи дека потоа по короната, седниците биле онлајн. Комуникација со Нехад Нухи, рече, дека немал.

Третиот сведок, вработена на Клиниката за онкологија како раководител на клиничката Аптека од 2012 година, рече дека тоа претставува магацински простор што врши прием на лекови, со нивна контрола и ги дистрибуира до одделите на Клиниката.

- Приемот на лекови се врши само во аптека, а дел од лековите во смисла на симптоматска терапија и одделни цитостатици може да се најдат и во други оддели. Лековите од условен буџет се требуваат по пациент и би требало да се аплицираат во текот на истот ден, рече сведокот.

Реверси како колична на лекови се примале во аптека на Клиниката, меѓутоа, сведокот нагласи дека тоа било исклучиво со писмено потпишано барање од директор, кое е претходно архивирано.

Според сведокот, на Клиниката се правела и набавка на лекови од условен буџет на реверс пред да биде склучен договор со набавувач и да биде завршена јавната набавка.

-Цврста нарачка се прави кога договорот за јавна набавка е завршен и се става број на договор, со барање за реверс таков број не постои, појасни сведокот.

Лековите на реверс, сведокот рече, се примале на ист начин како и лековите кои се примени на цврста нарачка и биле заведени електронски.

На почетокот на денешното рочиште Судот информираше дека по добиено известување од јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска во кое републичкиот јавен обвинител го известува бранителот дека не се исполнети условите за изземање на јавниот обвинител и дека јавниот обвинител по предметот навремено и совесно ги извршува сите работи.

Судот, исто така, информираше дека донел и решение со кое се одбива барањето на одбраната за изземање на вештакот Елизабета Дамевска Јовановска, со оглед дека не се исполнети условите за нејзино изземање.

-Не е спорно дека Елизабета Дамевска Јовановска извршувала функција в.д. економски директор од 2015 до 2017 година, кога на тоа место е именуван второобвинетиот Нухи, а за директор на Клиниката е именуван првообвинетиот Васев. Со оглед на нештата, обвинетиот и вештакот не биле вработени во иста институција во исто време. На 14 07 2017 таа е пријавена како вработена на друго место во заеднички служби на Клиниката, изјави судијката Славица Наумовска Јосифовска.

Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Кривичниот суд во јуни, годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок.

„Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија.

По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката.

Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз.

Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз.

Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво.

Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе.

Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер