БалканПродолжи судењето за масовното убиство кај Младеновац со потресни сведочење на сведоцитеНа рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“.Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко, јави дописникот на МИА од Белград. На рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“. На претходните рочишта сведочеа повредените, и родителите на загинатите во масовното убиство и ранетите на 4 мај 2023 година, а денесka судењето продолжи со распит на сведоците, меѓу кои и Андријана Митровиќ, која беше ранета на 4 мај во Дубона. Митровиќ изјави дека тогаш Урош Блажиќ го запрел автомобилот во близина на дворот и дека едeн од нејзините пријатели му рекол „Чекај, што правиш“, но Блажиќ, според неа, рекол „Рацете горе“ и потоа пукал рафално во нив. Таа рече дека почувствувала дека е погодена и дека паднала и се преправала дека е мртва, после што не се сеќава на ништо. На прашањето на обвинителката дали се сеќава дека Блажиќ се вратил повторно да ги застрела пријателите, Митровиќ рече дека мисли да тој се вратил и поединечно пукал во нејзината другарка која врескала, и дека и неа уште еднаш ја застрелал во грб. Сведочењето и на останатите сведоци, роднини, пријатели на убиените млади од Дубона и Орашје исто така беа потресни, тешки, во еден момент и на раб на инцидент кога сведокот Ј.М. на кого му се убиени двајцата браќа тргна накај обвинетите Урош и татко му со зборовите „Си воспитал монструм“, но беше спречен од обезбедувањето. Денешното судење заврши и ќе продолжи во понеделник, 28 октомври. Вишото јавно обвинителство во Смедерево го товари Урош Блажиќ за тешко убиство, а неговиот татко Радиша за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи. Обвинителството предложи казни од 20 години затвор за двајцата. Законот предвидува Урош Блажиќ да не може да биде осуден на доживотен затвор, бидејќи во времето кога го извршил делото имал неполни 21 година. Затоа максималната казна на која може да биде осуден е 20 години. Судењето започна во август 2024 година, а од безбедносни причини само физички беше преместено од Смедерево во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево. Урош Блажиќ на првото рочиште во август ја призна вината и изјави дека е подготвен да одговара за стореното. Радиша Блажиќ пред судот ја негираше вината и рече дека не знае од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизБен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие двеМегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер. Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез. Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“. Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“. „Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој. Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор. Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги. „Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот. „Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.Тагови: Бен Афлек Џенифер Гарнер Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook