Продолжи судењето против Васев и Нухи за случајот „Онкологија 2“ - Канал 5

Продолжи судењето против Васев и Нухи за случајот „Онкологија 2“

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, во канцеларија давал терапија за одредени пациенти кога на Клиниката имал недостаток. 

Продолжи судењето против Васев и Нухи за случајот „Онкологија 2“

Медицинската сестра која сведочеше на предлог на обвинителството раскажа неколку случаи кога Васев ја повикал во канцеларија и и давал терапија која се аплицирала на некои пациенти. Според нејзиното сведочење, Васев располагал со залихи од терапија и кога клиниката немала, па ја делел на „одбрани“ пациенти. Раскажа и дека имало извештај на пациент каде била шкртната дозата од терапијата, и со ракопис допишана поголема доза, но помалата била всушност аплицирана.

-Еден од тие пациенти беше Зоран, којшто примаше ампула тецентрик која во тој момент ја немаше на Клиниката. Неговата сопруга беше некоја инспекторка, дојде и праша зошто нема и објаснивме, а таа рече ќе се качам кај директорот. По некое време ми се јави директорот и ме повика во канцеларија каде беше и сопругата на пациентот и ми даде ампула. Јас ја земав и ја спремив во амбуланта. Уште еден пациент, Салиху, која примаше ампула кејтруда. Имаше земено ампула, што ја немаше на Клиниката. Уште еден пациент, што мене ми се случило, и за него сум земала ампула од канцеларијата на директорот,- -Славица Спасовска – Медицинска сестра – сведок.

Сведокот појасни и дека долку една терапија пациентот приватно ја набави, тоа ќе било наведено во извештајот. Но во случаите кои ги посочи пред судот такво нешто немало. Медицинската сестра посочи и на настан од крајот на 2022 година кога при попис на лековите забележеле дека им фалат 90 ампули гемзерат. Што било пријавено во полиција. И уште еден случај кога од маса снемало кутија со лекови зомета.

Одбраната на Васев и на второобвинетиот поранешен организациски директор на Онкологија Нехат Нухи, со приговори за сведочењето на медицинската сестра. Сметаат дека нејзиниот исказ не нецолесен, одговорите што ги дала оделе само во корист на обвинението и не може да даде целосна слика.

Нино Васев доставил и гаранција до судот, соопшти судијката Славица Наумова Јосифовска и следно рочиште закажа за 9 октомври кога треба да се сослуша уште една медицинска сестра на предлог на обвинителството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер