МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
Шоу бизПродолжението на Борат со неверојатен наслов доаѓа на ден пред изборите во САД (ВИДЕО) Објавен е првиот тизер за продолжението на Борат.Неодамна беше објавен и насловот на филмот - Borat: Gift of Pornographic Monkey to Vice Premiere Mikhael Pence to Make Benefit Recently Diminished Nation of Kazakhstan (Борат: Подарок од порнографски мајмун на вицепремиерот Михаел Пенс за да има корист од неодамна ослабената нација на Казахстан). Продолжението на Борат од Саша Барон Коен треба да го види светлото на денот ден пред претседателските избори во САД на 3 ноември. Заплетот на филмот е сè уште тајна, но јасно е дека тој силно ги погодува Трамп и републиканците, што може да се види на тизерот, но и според името на потпретседателот во насловот. Congratulation to great friend of the Kazakh people @realDonaldTrump for winning debate today! Impressive and amazing result for a strong premier who always put America and Kazakhstan first! pic.twitter.com/qLljQ8b5UU — Republic of Kazakhstan 🇰🇿 (@KazakhstanGovt) September 30, 2020 Патем, Borat! Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan (или Борат: Учење за американската култура за подобрување од величествената држава Казахстан) излезе во 2006 година и собра 262 милиони долари ширум светот. Кохен Бруно (138 милиони долари) и Диктатор (179 милиони долари) исто така беа успешни во боксофисот, но не успеаја да го надминат Борат. Она што сè уште е познато за филмот е дека Борат повеќе не е малку позната казахстанска ТВ личност што ја играше во оригиналот, туку сега јавноста знае кој е тој , па затоа мора да се камуфлира за да може да ги интервјуира луѓето. Неодамна бил снимен како се инфилтрира во десничарски митинг, а полицијата го фатила пред неколку месеци кога во бикини му пришол на Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк и адвокат на Доналд Трамп, кој помислил дека доаѓа на сериозно интервју поврзано со пандемијата на коронавирус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПо повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморницаОстатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн.Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн“ (Nomad Exploration). Истражувачите првично ги забележале остатоците користејќи сонар за скенирање на морското дно, а идентитетот бил потврден при последователните нуркачки истражувања. Студената вода, силните морски струи и оддалечената локација ја отежнале потрагата. „За нашиот тим, откривањето на остатоците е резултат на долгогодишна упорност. За семејствата и заедниците поврзани со бродот, ова откритие повторно го насочува вниманието кон една трагедија која во голема мера беше падната во заборав“, изјави Дени Алан, член на нуркачкиот тим. Паробродот „Корнвалис“, изграден во 1921 година во Ванкувер, превезувал шеќер и меласа од Барбадос кон канадскиот град Сент Џон, кога на 3 декември 1944 година бил забележан од германската подморница „У-1230“ (U-1230), под команда на Ханс Хилбиг. Подморницата испалила торпедо кое го погодило прамцето на бродот, по што тој потонал за помалку од десет минути. Од вкупно 48 луѓе на бродот, шестмина успеале да стигнат до сплавовите за спасување, но едно лице починало од хипотермија. Петтемина преживеани биле спасени од рибарски бродови, а потоа префрлени на брод на Морнарицата на САД. Подморницата „U-1230“ ја преживеала војната и била потопена во 1945 година, додека локацијата на потонатиот брод „Корнволис“ останала непозната сè до откритието годинава. Истражувачкиот тим процени дека потонатиот брод претставува еден вид „временска капсула под морето“, која сведочи за еден од најнеобичните настани од Втората светска војна долж брегот на американската сојузна држава Мејн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години! Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година . Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите. Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома. Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МакедонијаМВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапкаСВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка. Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter