Продолжен полициски час во цела држава

Почна да се применува новата мерка на Владата за зголемено времетраење на полицискиот час од 16 часот попладнево. 

Улиците на Скопје се празни, а жителите се во нивните домови, се со цел да се спречи ширењето на заразата од Ковид-19.

Новите владини мерки, што стапија на сила, предвидуваат забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Претходната недела Владата донесе одлука во Куманово за време на викендот да се воведе полициски час од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделик, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Лицата над 67 годишна возраст, според новите мерки, имаат право да излегуваат од нивните домови само од понеделник до петок во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

Согласно мерката, за младите лица до 18 години забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.

Имено, Владата донесе одлука да се воведе посебен режим на движење за лицата со попреченост. Тие имаат право да ги напуштаат нивните домови од понеделник во петок во период оф 19:00 до 20:00 часот, додека за време на викедот од 11:00 до 13:00 часот. Мерката за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Согласно одлуката, граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), им се дозволува од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 08:00 часот до 08:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат. Притоа, истакнаа од Владата, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на Република Македонија.

Согласно оваа одлука, Владата ги задолжи Општинските кризни штабови да определат економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата на Република Македонија, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и недела.

За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Економските оператори што имаат производствени капацитети го прилагодија своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Република Македонија и непречено го организираат работниот процес.

Економските оператори што работат во прва смена го организираа работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, а производствените капацитети кои работат и во втора, трета и четврта смена го организираа својот начин на работа како и до сега, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец.

Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час. За оваа намена самите работодавачи издадоа посебни дозволи за движење на работниците во време на полициски час исклучиво до и од работното место. Станува збор за истите дозволи коишто се издаваат на образецот усвоен од страна на кризниот штаб. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во којашто работи лицето. При тоа, се наведува и смената во којашто е ангажиран работникот. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата при контрола ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР.

Согласно дополнителните рестрикции за движење, Владата ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, на подрачјето на Градот Скопје, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а живеат надвор од подрачјето на градот Скопје и патуваат секојдневно на работа, работодавачот да ги упати овие лица на задолжителна работа од дома, без физичко присуство на работното место за време на вонредната состојба, како и да го прилагодат работното време за административните и јавните службеници, односно истите да завршат со своите работни задачи и активности, со цел пред почетокот на забраната за движење на територијата на Република Македонија, односно пред 16:00 часот да можат да бидат во своите домови.

– Како и за сите претходно донесени одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата, исто и за оваа мерка важат исклучоците за вработените лица во Министерството за внатрешни работи, припадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институции претходно опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани. Целта и на овие мерки како и на сите претходно донесени, е пред сѐ спречување на ширењето на коронавирусот заштита на јавното здравје и заштита на здравјето на секој поединец, наведоа од владината прес-служба./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер