Продажбата во Германија открива нови трендови: VW T-Roc е хит, а хибридите прва опција - Канал 5

Продажбата во Германија открива нови трендови: VW T-Roc е хит, а хибридите прва опција

Пазарот за нови автомобили во Германија забележа мало зголемување во септември 2025 година во споредба со истиот месец од претходната година. 

Продажбата во Германија открива нови трендови: VW T-Roc е хит, а хибридите прва опција

Според податоците од Федералната канцеларија за моторен транспорт (KBA), регистрирани се 235.528 нови патнички возила, што претставува зголемување од 12,8 проценти во споредба со септември 2024 година.

Десетте најпопуларни автомобили во септември

VW T-Roc е на врвот на листата на најпродавани модели, по што следат VW Golf и VW Tiguan. Првите десет се заокружени со BMW X1, Opel Corsa, Škoda Octavia, VW Passat, Opel Astra, Mercedes GLC и VW T-Cross. Интересно е што во споредба со август 2025 година, продадени се 28.299 автомобили повеќе, што е раст од 13,7 проценти, пишува Autobild.de.

Одличната серија на Volkswagen дефинитивно би можела да продолжи, бидејќи новата генерација T-Roc е пред почеток на испораките.

Бензинските и дизел моторите во пад

Уделот на возилата со исклучиво бензински мотор учествуваше со 26,8 проценти од сите нови регистрации, со 63.047 продадени единици во септември. Федералната канцеларија за моторен сообраќај забележа намалување од 5,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Слична е ситуацијата и со дизел возилата, каде што е забележан пад од 7,2 проценти. Со вкупно 28.871 нови дизел возила, нивниот пазарен удел изнесуваше 12,3 проценти.

Хибридите и електричните автомобили бележат силен раст

Хибридните возила, од друга страна, бележат значително зголемување. Со раст од 28,9 проценти во споредба со септември 2024 година, тие достигнаа пазарен удел од 41,3 проценти, со вкупно регистрирани 97.212 нови хибриди. Во таа бројка се наоѓаат 27.685 plug-in хибриди, чиј број на нови регистрации скокна за дури 85,4 проценти, достигнувајќи пазарен удел од 11,8 проценти.

Целосно електричните автомобили (BEVs) исто така продолжуваат да растат. Во септември беа регистрирани 45.495 нови електрични возила, што е за 31,9 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година. Нивното учество во вкупните регистрации изнесуваше 19,3 проценти, додека во периодот од јануари до септември тој удел изнесуваше 18,6 проценти.

Автомобилите на течен нафтен гас (LPG) беа на крајот од листата, со 891 регистрации и само 0,4 проценти од пазарниот удел. Интересно е што во септември не е регистрирано ниту едно ново возило напојувано со водород или природен гас.

SUV сегментот е сè уште на врвот

Гледајќи ги сегментите, SUV возилата ја потврдија својата доминација и во септември. Нивниот удел се зголеми за 21,4 проценти во споредба со минатогодишниот септември, со кој тие зазедоа дури 33,6 проценти од пазарот. Далеку зад нив е компактната класа, која со раст од 15,2 проценти и пазарен удел од 17,5 проценти е втората најсилна категорија. По нив следат малите автомобили со 12,7 проценти и теренските возила со 11,1 процент од пазарниот удел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер