ЖивотПродажбата на вино во Германија намалена за 10 отстоГерманските потрошувачи потрошиле значително помалку пари за купување вино минатата година бидејќи трошоците за живот во земјата продолжуваат да растат.Приватните домаќинства лани потрошиле 10 отсто помалку пари за купување вино на сите продажни места во земјава, објави германскиот институт за вино со седиште во Дизелдорф во пресрет на саемот „ProWein“ од 19 до 21 март. Анализата на компанијата „NielsenIQ“ покажува дека намаленото купување резултирало со пад на продажбата од 6,5 отсто. Количината на консумирано вино надвор од домот, во ресторани или на други настани не е вклучена во споменатата статистика. А самото виното поскапе. Институтот за вино објави дека за вината со потекло од Германија, просечната малопродажна цена во 2022 година пораснала на 4,18 евра за литар, што е зголемување за 26 центи или 6,6 отсто во однос на 2021 година. Зголемувањето на цената, меѓу другото, се должи и на значително повисоките трошоци што треба да се издвојат за шишиња, амбалажа, логистика и плати на персоналот. Но, просечната цена на виното од странство во 2022 година порасна помалку нагло, односно за 7 центи или нешто помалку од 2 отсто, на 3,64 евра за литар. Неподготвеноста на потрошувачите да купуваат е особено забележлива кај вината со потекло од Германија. Продадените количини на домашно вино паднале за 14 отсто, а продажбата за 8 отсто. Кај вината увезени од странство, откупната количина е помала за 7 отсто, а расходите за 5 отсто. Кога станува збор за увозот, италијанските вина сè уште се во водство со учество од 16 отсто, што е за еден процент помалку во однос на претходната година, а потоа следат вината од Шпанија со 14 отсто, со пораст од два процентни поени и францускиот вина со 11 процентни поени. Белото вино сè уште е фаворизирано со стабилен количински удел од 47 проценти. Пазарниот удел на црвеното вино падна од 41 на 40 отсто, а потрошувачката на розе вино се зголеми од 12 на 13 отсто, пренесе Индекс.хр.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на властФилипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор. Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија. Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план. Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев. Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПо четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи низ ЕУ малку се намали оваа недела, за девет центи на 2,15 евра за литар, по четири недели рекордни максимуми, според анализата на податоците на земјите-членки доставени до Европската комисија.Од сите земји-членки на ЕУ, само Кипар забележа нов неделен рекорд, во споредба со 12 минатата недела. Бројките вклучуваат даноци, кои варираат од земја до земја и сочинуваат 40 проценти од просечната цена на горивото во ЕУ. Тие не вклучуваат целни субвенции. Просекот во ЕУ се пресметува врз основа на потрошувачката на гориво во секоја земја-членка во 2024 година. Во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, просечната цена на дизелот во ЕУ беше 1,59 евра за литар. Цените на горивата оттогаш се зголемија, главно поради затворањето на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и гас, и блокадата на саудискиот извоз во Црвеното Море. Украинските напади врз руските рафинерии, исто така, придонесоа за ова. Притисокот беше донекаде ублажен од земјите од Г7, кои во петокот одлучија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви. Ослободувањето ќе трае четири месеци. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат забрана за извоз на дизел од страна на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаСДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра. Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат. Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет. Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула. Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат. До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар. Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство. За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони. Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте. Сметката ја плаќа граѓанинот. А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова. Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица. Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната. Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија“, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат. Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53. Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит. Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот. Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант. Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата. Скопје 10.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook