3Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио
АвтомобилизамПродажбата на автомобили во ЕУ намалена заради пандемијатаБројот на новорегистрирани автомобили во март е преполовен во однос на истито месец минатата година.Глобалната економија во 2020 веќе ги трпи последиците од пандемијата на корнавирусот, а меѓу гранките кои се тешко погодени е и автомобилската индустрија. Според податовите на Евроспсата асоцијација на произведувачи на автомобили (ACEA), во ЕУ во првото тримесечје забележан е пад на продажбата од 25,6%, додека падот е уште по изненадувачки во март, кога бројот на новорегистрирани возила во Еу опаднал за 55,1%. Мартовскиот пад би бил и поголем доколку многу земји порано ги донесоа мерките против пандемијата. На пазарот во Еу во март се продадени вкупно 567.308 нови автомобили, додека тој број во март 2019 изнесувал 1.264.569 возила. Станува збор за податоци од 27 држави членки, без Обединетото Кралство кое ја напушти ЕУ. Иако сите земји на ЕУ имаат пад на продажбата на автомобили во март, тој бил најдраматичен во Италчија каде шти изнесува дури 85,4%. Италијанците во март купиле само 28.326 возила, додека во истиот месец претходната година забележани се 194.302 новорегистрирани автомобили. На дното на листата се и Франција (-72,2%) и Шпанија (-69,3%), кои со Италија во март највеќе биле погодени од коронавирусот. Германија до некаде успеала да го амортизира падот на продажбата, па бројот на новорегистриани возила во таа земја во изминатиот месец бил помал за 37,7% во однос на март 2019. Кога станува збор за првиот квартал од 2020 во ЕУ се продадени 25,6% помалку автомобили воспоредба со истиот период во 2019. Ако ги гледаме четирите најголеми пазари во Еу, падот во периодот од јануари до март 2020 во Италија изнесувал 35,5%, во Франција 34,1%, Шпанија 31%, а во Германаија 20,3%.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВлада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радиоУправата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизијаВо врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности. Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter