Продавница во Шпанија почна да наплаќа 5 евра за влез - Канал 5

Продавница во Шпанија почна да наплаќа 5 евра за влез

Во една продавница во Шпанија им здодеало туристите да влегуваат и да се сликаа без да купат ништо, па решиле да воведат влезница од пет евра и закачиле знак.

Продавница во Шпанија почна да наплаќа 5 евра за влез

Queviures Múrria е самопослуга стара 125 години во Барселона и е едно од најатрактивните места во градот, а неодамна служи и храна.

Како што пишува Oddity Central, винтиџ изгледот и традиционалниот внатрешен дизајн на продавницата привлекуваат стотици туристи секој ден, но проблемот е што многу од нив навистина не се заинтересирани за производите што се продаваат внатре, како што се традиционалните шпански сушени колбаси, ладно месо, сирења, масла, вино итн. Според еден од менаџерите на продавницата, многу луѓе влегуваат, дури и не се поздравуваат, се фотографираат и си заминуваат без да купат ништо.

Затоа почнале да им наплаќаат на туристите „само за гледање“ за да ги обесхрабрат од овој нивен план. Тони Мерино, еден од менаџерите на Queviures Múrria, рече дека идејата да им се наплаќа на туристите едноставно да влезат во продавницата, да погледнат наоколу и да фотографираат без да купат ништо, започнало како шега.

Но, бидејќи оваа практика на туристи почнала да ги мачи персоналот и редовните клиенти, тие решиле да ја спроведат одлуката.

Мерино појасни дека тој и неговите партнери немаат интерес всушност да ја наплатат таксата. Со предупредувањето за такса од пет евра на прозорецот, тие успеаја да ги обесхрабрат повеќето несакани посетители. Сега повеќето луѓе кои влегуваат всушност купуваат нешто или само гледаат низ прозорецот.

Според The ​​Strait Times, оттогаш туристите престанале да доаѓаат во продавницата за да се фотографираат, но главно стојат надвор и гледаат низ прозорецот. Мерино вели: „Тоа навистина не ни прави дополнителни пари, но знакот функционира. Сеуште никому не сме наплатиле пет евра бидејќи тоа не е целта“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мајкл Даглас е горд татко

Легендарната холивудска ѕвезда, актерот Мајкл Даглас не крие дека е горд татко,сите погледи  вперени во младата дама што го придружуваше.

Фото: Мајкл Даглас е горд татко

Холивудскиот актер Мајкл Даглас моментално престојува на Мајорка, каде што му беше врачена специјалната награда „Земја на честа“ (Land of Honour) за неговиот долгогодишен придонес во промоцијата на островот и неговата култура.

Тој не присуствуваше сам на церемонијата, туку во придружба на својата ќерка Керис, која привлече речиси исто толку внимание како и нејзиниот славен татко.

Дваесет и тригодишната Керис се појави во елегантна црна комбинација, а многумина од присутните забележаа дека, како што минуваат годините, таа сè повеќе личи на својата мајка, добитничката на „Оскар“, Кетрин Зита-Џонс.

Нејзиниот едноставен, а сепак софистициран стил уште еднаш потврди зошто таа важи за една од најелегантните млади дами од холивудските семејства.

Карис неодамна ги заврши студиите по филм на Универзитетот „Браун“, а ова лето ја доби својата прва професионална театарска улога во Њујорк, толкувајќи го ликот на Нина во претставата „Галеб“ од Чехов. Покрај глумата, таа работи како модел, свири пијано и пее, со што ја продолжува уметничката традиција на своето семејство.

Мајкл Даглас со децении летува на Мајорка – каде што го поседува имотот „С’Естака“ – поради што многумина го сметаат за неофицијален амбасадор на овој шпански остров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорд за Гинис, Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво

Автомобил Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво.

Рекорд за Гинис, Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво

Со својот систем e-Power, Nissan претстави решение во кое бензински мотор ја полни батеријата, додека батеријата го напојува електромоторот или електромоторите.

Сега, Qashqai e-Power влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Независен експерт ги придружуваше возачите во текот на целото патување, што е еден од условите за проверка на записот.

Унапредениот Qashqai, опремен со најновата генерација на системот e-Power, успеа да помине импресивни 1.980 километри со еден резервоар гориво. Со тоа беше поставен рекорд за најголемо растојание поминато од SUV-возило со систем за продолжување на опсегот (range extender), без потреба од надворешно полнење или дополнување гориво.

Патувањето се одвивало во Колумбија, во периодот од 14 до 17 јули 2026 година, на релација од Богота до карипскиот брег, при што беа опфатени разновидни услови за возење.

Но, Nissan не објави детални информации за конкретната рута.

За да се обезбеди официјално признавање на рекордот, во текот на целото патување возилото беше придружувано од независен експерт – услов неопходен за сертификација од страна на Гинисовата книга на рекорди.

Според официјалните податоци на производителот, просечната потрошувачка на гориво кај моделот Qashqai e-Power изнесува 4,3 l/100 km, пренесува HAK.

Треба да се напомене дека, во оваа прилично тесно дефинирана категорија, Qashqai досега немаше официјално признат ривал – ниту претходен рекордер – иако тоа би можело да се промени во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица

Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места.

Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица

Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица.

На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица.

Од општината изразуваат искрена благодарност до сите кои во тие тешки денови покажале несебична хуманост и солидарност.невремето што на 6 август се случи во гази баба предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер