СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаПроданоски: Ребалансот на Буџет е развоен и тоа може да го каже секое стручно лице,Помина точно една година од формирањето на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и една работа е потполно сигурна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само една година на економски, финансиски и развоен план направи десет пати повеќе отколку претходните влади на социјалдемократите, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски од собраниската говорница каде предмет на расправа е ребалансот на Буџетот. Тој посочи дека ребалансот којшто е стигнат во Собранието и за кој се дискутира, доволно е да го погледнат стручните лица и веднаш ќе забележат дека тој е развоен. „Нам, пак, пратениците ни е најважно да се спроведува програмата која чекори по патот на економски развој и напредок и, притоа, придонесува за развој и значително подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Секој Буџет или ребаланс на претходните влади на Социјалдемократскиот сојуз го коментирале, буквално сите, бидејќи знаеле дека се не развојни и упропастувачки за македонската економија и македонскиот народ. А, од друга страна, дека тие пари завршуваа во џебовите на десетина луѓе од СДСМ“, рече Проданоски. Тој додаде дека изминатите години се случи најголемиот грабеж што можеше да и се случи на нашата држава, додека денес, по точно една година, тие рани од грабежот кој го направи СДСМ и дел од луѓето што седат тука во оваа сала од опозицијата, се залечуваат со домаќинско работење Проданоски посочи дека денес се санираат штетите од фиктивните поврати на ДДВ кои се исплаќаа на блиски луѓе до СДСМ и дека преку Управата за јавни приходи, денес, се сузбива криминалот од стотици милиони евра кој го направија другарчињата на Венко Филипче од Струмица и слични на нив. „Денес ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и транспарентно и без скандали. За пензионерите се покачуваат пензиите, за земјоделците се исплаќаат субвенции и се развива секторот. За здравствените работници се обезбедуваат, максимално, најдобри услови, за младите се спроведува стратегија, за тие, својата иднина да ја градат тука. Се обезбедуваат услови за отпочнување сопствени бизниси, се обезбедуваат услови за младите од руралните средини. За образованието се обезбедуваат максимални услови, веќе не фалат книги по неколку месеци и секое дете има еднаков третман“, рече, меѓу другото, Проданоски,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00