ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив
ТехнологијаПродаден камен од Месечината за 600 000 долариКамен што на Земјата паднал од Месечината на аукција е продаден за 600 000 долари.Денеска на аукција во Бостон е продаден камен од Месечината , што паднал на Земјата. Аукциската куќа РР од Бостон објави дека е постигната цена од 612 500 долари за лунарниот метеорит , а го купил претставник кој работи за комплексот Там Чак Пагода во виетнамската провинција Ха Нам. Аукциската куќа предвиде дека шесте камчиња , кои се вклопуваат во целина може да се продадат за 500 000 долари. Лунарниот камен бил најден минатата година на северозапад на Африка , во пуста област во Мавританија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нивСДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус.Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем. Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството. Моментот не е СДС да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар. Затоа што ако не беше нивни кадар, упте веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации. Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар. СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив, се наведува во партиксото соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформацииВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата.Во Гостивар ситуацијата е катастрофална. За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна. Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба. Ова е „дезинформација“? Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника. Реалноста е јасна: Илјадници заболени. Вода што не смее да се користи ниту за миење. А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“. Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЕвропаЖена загина во нападот на „Парадата на гордоста“ во Берлин- полицијата трага по напаѓачот Едно лице загина, а 16 се повредени, некои од нив критично, соопштија пожарникарите, откако вооружен човек со возило влета во толпа на парадата на гордоста во Берлин.Полицијата објави дека го идентификувала напаѓачот, велејќи дека тој им е познат на властите и дека е дел од исламистичката сцена во Берлин. Според првичните информации, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен во Берлин пред да се судри со дрво, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат. Потоа возачот го напуштил возилото и избегал во непознат правец. Осомничениот ѝ е познат на полицијата Полицијата идентификуваше осомничен за нападот на маргините на парадата на гордоста во Берлин, велејќи дека човекот им бил познат на властите и се верува дека е дел од исламистичката сцена во Берлин, објавија ДПА и Ројтерс. „Го идентификувавме осомничениот сторител. Се преземаат мерки против осомничениот сторител, кој сè уште не е уапсен. Сепак, овој осомничен ѝ е познат на полицијата како член на исламистичката сцена тука во Берлин“, изјави портпарол на полицијата за новинарите на местото на настанот. Полицијата го бара 21-годишниот Абдул Б. Тој е опишан како маж со витка градба, висок приближно 190 см, со црна коса, облечен во црна маица со качулка и бели панталони. Предупредено е дека Абдул Б. може да биде вооружен и опасен. Полицијата, исто така, објави негова фотографија. Портпаролот на полицијата, Нат, претходно изјави дека се во тек истраги за тоа дали имало втора фаза од инцидентот, вклучително и дали некој го напуштил возилото и нападнал луѓе со можно остро оружје. „Ова ни го кажаа сведоците, дека луѓето наводно лежат таму со убодни рани“, рече портпаролот на полицијата. Тројца повредени се борат за живот Како што објави Билд, една жена е убиена во нападот. Портпаролот на противпожарната служба, Доминик Прец, изјави дека тројца од 16-те повредени лица се здобиле со опасни по живот повреди, осум лица се сериозно повредени, а петмина имаат полесни повреди. Најмалку десет возила за итни случаи беа видени на местото на настанот, а полицајци патролираа низ паркот. Последната парада на гордоста во Берлин, вклучувајќи ги и концертите, беше откажана по инцидентот, а организаторите ги замолија учесниците да се вратат дома. „Ве молам одете си дома“, објавија на Инстаграм организаторите на парадата на гордоста во Берлин, позната како Ден на улицата Кристофер (CSD). Според полицијата, „најмалку неколку стотици илјади луѓе“ се собраа во Берлин во саботата. Денот на улицата Кристофер се слави во спомен на немирите од 1969 година, кога членовите на хомосексуалната сцена и полицијата се судрија на истоимената улица во Њујорк. Реакции: „Напад врз слободното општество“ Градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер, го опиша инцидентот како „напад врз нашето слободно и отворено општество“. „По мирниот и жив CSD, овој митинг за толерантен и мирен Берлин беше нападнат на најбрутален начин“, рече Вегнер во соопштението. Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, им ја понуди поддршката на федералните власти на берлинските власти, изјави портпаролот на владата. Канцеларот Фридрих Мерц и неговиот министер за внатрешни работи „ќе се ангажираат со посебна решителност за целосно расветлување на овој гнасен чин и да се осигурат дека ќе биде казнет“, рече портпаролот во соопштението, објави АФП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter