Процесот на спојување на ВРЕДИ во една партија – пат до обединување или раслојување? - Канал 5

Процесот на спојување на ВРЕДИ во една партија – пат до обединување или раслојување?

Процесот за спојување на ВРЕДИ во една партија – пат за обединување или можно разединување? 

Процесот на спојување на ВРЕДИ во една партија – пат до обединување или раслојување?

Дали Вреди се пред спојување или раслојување? Откако собранискиот спикер и поранешен лидер на Алтернатива Африм Гаши се изјасни против неофицијалниот договор меѓу лидерите на Беса и на Демократско движење, Касами и Меџити, политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи оценува дека сега сите партии ги подгреваат политичките апетити за дел од колачот, но сепак е оптимист дека на крај ќе ги испеглаат разликите и веројатно ќе најдат по некоја компромисна позиција.

-Имајќи предвид дека Изет Меџити има повеќе политичко искуство особено дека беше заедно со Али Ахмети во една политичка партија и ги знае потезите како точно се прават, и во последниве години е постабилен политичар, мислам дека тој ќе биде политички претседател во таа политичка партија, додека Биљал Касами ќе биде организационен претседател кој повеќе ќе разговара со базата, но тука има и други политички апетити особено од Алтернатива. Сега секој сака да покаже сила на почетокот, но мислам дека на крај ќе се согласат генерален секретар да биде Беким Сали, сегашниот вицепремиер од Алтернатива, што е добра позиција за една партија, но тука е и Алијанса за Албанците предвидена од двајца-тријца како вицепремиерот Фетаи, министерот Алиу

Освен за тоа кој да ја раководи, битката во Вреди е и околу тоа кој колкав удел ќе има во раководните структури - дали сите партии подеднакво како што бара Гаши и беше договорено пред изборите во 2024, или согласно намерите на Меџити и Касами, тие да имаат по 35 отсто учество, додека останатите 30 отсто да ги поделат Алтернатива, крилото на Алијанса предводено од вицепремиерот Арбен Фетаи и „Самоопределување“ претставена од Беким Ќоку.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски е согласен дека спојувањето на Вреди нема да оди мазно, но смета дека лидерите треба да бидат свесни дека подобро е да се обединат, отколку да се распаднат како коалиција.

- Секогаш е тешко од повеќе политички субјекти да создадеш еден бидејќи сите си имаат свои видувања за тоа како треба да изгледа новиот субјкет и колку тие се јаки или слаби и колкав дел од тој нов субјкет треба да претставуваат, но мислам дека е полесно да се дојде до договор. Не верувам дека тоа же помине мазно тоа организирање во една политичка партија но верувам дека ризиците многу повеќе би се исплателе отколку да не се прави ништо. Бидејќи тогаш за година, две или повеќе, крајниот резултат ќе значеше ослабување или распаѓање на таа коалиција.

Ниту Божиновски ниту Фаризи во трансформацијата и моменталните превирања во Вреди не гледаат закана за владината коалиција, ниту пак, некаква можност за предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски според нив имаат стабилно мнозинство, а албанските коалициски партнери како што велат се свесни дека во моментов не им се исплати да ја напуштат власта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. септември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 4. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила.

Кариера

Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи.

Здравје и совет

Можно е да се напиете во поголемо друштво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност.

Кариера

Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво.

Кариера

Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста.

Здравје и совет

Опуштете се со убава музика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател.

Кариера

Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо.

Здравје и совет

Не се замарајте со ситници.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања.

Кариера

Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува.

Здравје и совет

Созревате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение.

Кариера

Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте.

Здравје и совет

Немојте да се напиете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат.

Кариера

Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред.

Здравје и совет

Минливо недоразбирање со роднините.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол.

Кариера

За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им.

Здравје и совет

Не претерувајте со пиењето.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна.

Кариера

Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат.

Здравје и совет

Мали емоционални фрустрации.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија.

Кариера

Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение.

Здравје и совет

Немојте да бидете тврдоглави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе.

Кариера

Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност.

Кариера

Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете.

Здравје и совет

Помогнете им на колегите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ивица Боцевски во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ивица Боцевски

Ивица Боцевски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер