ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!
1ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!
3Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски
Шоу бизПроценето е богатството на Џенифер Анистон, секоја година се зголемува за 30 милиони долари Џенифер Анистон е една од најпопуларните актерки во светот, но и една од најбогатите.Таа се прослави со улогата на Рејчел Грин во култната серија Пријатели, а оттогаш глуми во бројни хит филмови и серии. Според податоците достапни на страницата Celebrity Net Worth, нејзиното богатство се проценува на дури 320 милиони долари и годишно се зголемува за најмалку 30 милиони долари, не само поради актерските ангажмани, туку и бројните спонзорски договори. Имено, 54-годишната актерка е заштитно лице на SmartWater, козметичката линија Aveeno, Vital Proteins и авиокомпанијата Emirates, со која потпиша договор вреден 5 милиони долари. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) Нејзината популарна „Рејчел фризура“ ја прослави во „Пријатели“, поради што актерката го создаде својот бренд LolaVie со линија на производи за нега на коса, што ѝ носи заработка од околу 15 до 20 милиони долари годишно. Иако снимањето на „Пријатели“ заврши во 2004 година, Анистон продолжува да добива хонорари од репризите на хит серијата, исто како и нејзините колешки. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) Да потсетиме, Анистон заедно со Лиза Кудроу и Кортни Кокс станаа едни од најплатените телевизиски актерки благодарение на договорот според кој во последната сезона од серијата заработија по еден милион долари по снимена епизода. По завршувањето на Пријатели, Анистон се сврте кон бројни актерски ангажмани. На пример, таа доби 8 милиони долари за филмот Marley and Me, а 5 милиони долари за филмот The Miller Family. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) Актерката во 2001 година купила куќа со поранешниот сопруг Бред Пит за 13,1 милиони долари, која целосно ја реновирале и ја продале една година по разводот за дури 28 милиони долари. Пет години подоцна, таа купи замок во Беверли Хилс за 13,5 милиони долари, кој го продаде во 2011 година за 38 милиони долари. Анистон купи замок во Бел-Ер за 20,97 милиони долари во 2011 година, каде што четири години подоцна се омажи за нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Џастин Теру. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) Минатата година купи куќа во медитерански стил во Монтесито, чиј претходен сопственик беше Опра Винфри, за 14,8 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!Либерално-демократската партија (ЛДП) ја известува јавноста дека не даде поддршка и не гласаше за изборот на Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд на Македонија. За ЛДП е апсолутно неприфатливо и скандалозно што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со 64 гласа „За“, за највисоката правна функција во државата избра судијка чие име во јавноста директно се врзува за скандалот „Рекет“, кумства и контроверзни сведочења за шопинг-патувања во Милано. Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ покажа невиден степен на политичка хипокризија. Партијата која во опозиција минатите години ја изгради целата своја платформа врз критиката за случајот „Рекет“ и ветуваше раскрстување со заробеното судство, денеска на власт ги наградува истите актери од тие естрадно-судски афери со комотни фотелји во Уставниот суд. Во интервјуто за ТВ Канал 5 оваа недела претседателката на ЛДП укажа токму на оваа разорна демогогија: „Знаете што е најстрашно во политиката? Кога за некогашните грешки ќе ги критикувате претходните, ќе дојдете на власт и не само што ги правите истите грешки, туку ги правите уште поголеми!“ ЛДП прашува јавно „Тоа ли е реформата во судството? Тоа ли е борбата против корупцијата? Тоа ли е шампионската Реформска агенда?“ ЛДП јасно порачува дека Уставниот суд мора да биде тврдина на интегритетот, составен од врвни правни авторитети со неиспраскан личен и професионален кредибилитет, а не депонија за задкулисни партиски пазари. Прашањата за правдата и реформите не смеат да служат само како евтини маркетинг-пароли во опозиција кои се забораваат во моментот кога ќе се освои власта, бидејќи со ваквиот партиски упад директно се руши достоинството на институциите и довербата на граѓаните во правниот поредок. ЛДП останува бескомпромисно на страната на граѓаните и принципиелната борба против селективната правда, без разлика кој е на власт. Нема да молчиме пред политичките трговци кои свесно ја убиваат довербата во правосудството! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваатНема датум или од кој ден, гостиварци ќе можат да пијат и да готват со безбедна вода од градскиот водовод, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој потенцираше дека се додека нема три последователни негативни тестови, водата нема да биде за употреба. Премиерот Мицкоски вчера изјави дека една од причините за водата да остане само за техничка употреба е потврдата на резиуделна бактерија во инсталаците. Во здравствените установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти. Во општата болница во болница биле 45 нови прегледи од кои 26 на инфективното одделение, каде двајца биле хоспитализирани, а 18 биле деца. Во здравствениот дом Гостивар регистрирани се 28 нови пациенти во дежурната служба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНе основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на МарковскиНе Основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на бизнисменот и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски по приложената гаранција од околу 5 милиони евра. Откако одбраната повторно побарала укинување на мерката за одземање на патната исправа, предметот бил рефериран до Вишото обвинителство, кое наложило јавниот обвинител во Струга да даде позитивно мислење за барањето. Првично, на 15 јуни, Основното јавно обвинителство Струга било против враќањето на пасошот. Но, по разгледување на предметот, Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција е отстранета опасноста од бегство на обвинетиот. Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски каде претседател на Кривичниот совет бил судијата и претседател на судот Вулнет Винца кој од денеска заминува во пензија откако Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција бидејќи ненанвремено доставил изјава. -Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата. ...Велат од битолското обвинителство од каде додаваат дека сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани, а во моментов не можело да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Според информациите Марковски вчера бил задржан на граничниот премин Табановце но по извршените проверки му било дозволено да ја премине државната граница и да влезе во Србија. На него и на осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, тендер тежок над 1,7 милиони евра. Освен на Марковски им се суди и на петмина вработени од РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата фирма. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, на кого веќе му се суди и во битолскиот суд за случајот со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола. Судскиот процес за Марковски почна во Основниот суд Битола за потоа да биде целосно префрлен во судот во Струга а рочиште е закажано за 2 септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter