МакедонијаПробниот попис помина успешноПробното пребројување помина успешно со мали недостатоци кои нема да влијаат на процесот, ова е оценката на Државниот завод за статистика за пробниот попис на населението кој се одвиваше две недели на територијата на 13 општини во државата.Само триесетина граѓани одбиле да се попишат, а во април 2020 ќе мораат сите задолжително. Технички пречки за одложување на пописот нема, но бојкот од опозицијата може да го спречи процесот. Политичките партии треба да го прифатат пописот како статистичка операција, а не политичка – смета Симевски. И според ВМРО ДПМНЕ е потребен попис, но велат дека власта не ги применува европските стандарди. Досега посочија неколку елементи кои се спорни за нив, како запишување на матичните броеви при собирањето на податоците. Законот се уште не е ставен на дневен ред на собраниска комисија. Од статистика велат дека би било добро доколку се изгласа до крајот на годината, бидејќи буџетот кој ќе биде потребен за спроведување на пописот чека на одлуките на пратениците. Ќе чини околу 8 ипол милиони евра. Ќе содржи и етничка графа, а ќе се пребројуваат и иселениците со македонско државјанство, но од заводот за статистика тврдат дека тие нема да се вбројат во вкупното население. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес ТигањЃорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија,Тигањ.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи. Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи. На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија. Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДСВладата на ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретните мерки и програми за младите.СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста. СДС уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа. Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026. Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие и со многу други различни мерки и проекти, работи заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Шоу бизВратите на Евровизија за БиХ се уште затворени: Еве ја причинатаБосна и Херцеговина нема да има свој претставник ниту на Евровизија во Бугарија следната година.Ова го продолжува повеќегодишното отсуство на земјата од едно од најпопуларните музички натпревари во Европа, а главната причина се уште се финансиските проблеми на јавниот сервис „BHRT“ и санкциите од Европската радиодифузна унија (EBU). „BHRT“ потврди за порталот „ESC Today“ дека БиХ нема да учествува на Евровизија 2027. Поради неплатени долгови, јавниот сервис на Босна и Херцеговина сè уште нема право да учествува во натпреварот. Долговите продолжуваат да го блокираат враќањето на Евровизија Најголемата пречка за враќањето на Босна и Херцеговина на евровизиската сцена остануваат финансиските санкции што „EBU“ претходно ги воведе на „BHRT“ поради долгови. Додека проблемот не се реши, јавниот сервис не може повторно да стане дел од натпреварот. Поранешната шефица на делегацијата на Евровизија, Лејла Бабовиќ, претходно предупреди за тешката финансиска состојба на „BHRT“. Таа истакна дека долгот на јавниот сервис достигнал околу 8,8 милиони евра, додека на „BHRT“ ќе ѝ бидат потребни околу 15 милиони евра годишно за стабилно работење. Тие се обидуваат да најдат решение за финансиската криза Во меѓувреме, започнати се разни иницијативи кои треба да помогнат во стабилизирањето на работењето на јавниот сервис, но проблемот сè уште не е решен. „BHRT“ покрена судска постапка против Радио Телевизија на Република Српска (РТРС) поради неплатени претплатнички такси за РТВ, а првите пресуди се донесени. Според достапните информации, РТРС треба да плати околу пет милиони евра, додека дел од тужбата вредна околу десет милиони евра е одбиен. Институциите на Босна и Херцеговина, исто така, се обидуваат да обезбедат помош на јавниот сервис преку дополнителни средства од буџетот. Последен настап во 2016 година Босна и Херцеговина првпат настапи на Евровизија во 1993 година со песната „Сва бол свијета“, изведена од Фазла, и го заврши натпреварот на 16-то место. Најголемиот успех го постигна во 2006 година кога Хари Мата Хари го освои третото место со 229 поени со песната „Лејла“. Последниот настап на Босна и Херцеговина на Евровизија беше во 2016 година, кога Далал, Дин, Ана Ручнер и Џала не успеаја да стигнат до финалето со песната „Љубав је“. Тие завршија на 11-то место во полуфиналето, што беше прв пат Босна и Херцеговина да не успее да стигне до финалето. Извор: Б92Тагови: БиХ Евровизија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38